Овните сакаат авантура, Рибите романтика…

Успешниот брак или љубовна врска од вас бара да се заљубувате одново и одново. Ако почувствувавте дека пламенот се гасне во вашата врска, разгорете ги нештата така што ќе му приредите некое убаво изненадување на вашиот партнер.Овен
Успешниот брак или љубовна врска од вас бара да се заљубувате одново и одново. Ако почувствувавте дека пламенот се гасне во вашата врска, разгорете ги нештата така што ќе му приредите некое убаво изненадување на вашиот партнер.
Бик
Романтичната вечера во природа, по можност на место каде што има животни, е полн погодок кога зборуваме за Биковите.
Близнаци
Оние кои се родени во овој знак сакаат интелигентни луѓе – затоа потрудете се да организирате интересна вечер со луѓе кои имаат што да кажат, а сепак можат да најдат заеднички јазик со Близнакот. Вечно ќе ви биде благодарен.
Рак
Ако сакате да ги разгорите нештата помеѓу вас и извесен Рак, тогаш релаксирајте се во сопствениот дом во придружба на топол пијалак, добар филм и камин.
Лав
Лавовите се личности кои сакаат да се чувствуваат како владетели на светот, па ако сакате да направите нешто романтично за нив, резервирајте викенд за двајца и посетете ги сите познати ресторани и клубови.
Девица
Девиците се љубители на селото – па затоа идеално решение е некое етно село каде можете да уживате во тишината на природата. Уште ако им угодите на секој можен начин додека сте заедно, бидете сигурни дека одново ќе го освоите нивното срце.

Вага
Дегустацијата на вино ќе ја воодушеви секоја Вага. Многу е важно добро да се облечете и Вагата да знае дека тоа го направивте за неа. Некој скап подарок е подеднакво добра идеја.
Скорпија
Скорпиите сакаат изненадувања, па затоа не им кажувајте ништо за вашите планови, туку тргнете на патување без многу да објаснувате. Добивате додатни поени ако сте таинствени и креативни.
Стрелец
Ако сакате да восхитите Стрелец, одведете го/ја на место каде што никогаш не бил/а. Тие не сакаат да патуваат сами, па ако се сложите да патувате со нив, тие тоа ќе го сметаат за романтичен гест.
Јарец
Најдобар романтична идеја за Јарецот е да го одведете на трчање или планирање. Јарците се спортисти во душа, па со ваквиот состанок ќе погодите точно во целта.
Водолија
Ако сакате да восхитите некоја Водолија, тогаш одете на некоја река каде можете да се возите со чамец и да пиете вино. Со оглед на тоа дека повеќе сакаат друштво отколку да бидат сами, подеднакво добра идеја е да им организирате некоја забава во нивна чест. Тоа ќе биде врвниот романтичен гест, а и лесно ќе го прочитате задоволството од нивното лице.
Риби
Рибите се романтични сами по себе, па викенд во бања за нив претставува идеално место. Уживајте заедно во масажите и максимално релаксирајте се, па вашите страсти одново ќе се разбудат.Овен
Успешниот брак или љубовна врска од вас бара да се заљубувате одново и одново. Ако почувствувавте дека пламенот се га

Пронајдете не на следниве мрежи: