Љубовен неделен хороскоп за 07.03-13.03.2016

Љубовен неделен хороскоп за 07.03-13.03.2016Овен
Вашиот љубовен живот во понеделник се претвара во нешто исклучително интересно а поради тоа ќе имате насмевка на лицето. Можно е личноста која е со вас да започнете да ја гледате со нови очи. Не дозволувајте никој да го наруши вашиот оптимизам, особено не оние кои немаат среќа во љубовта.
Бик
На самиот почеток на неделата работите кои се однесуваат на вашиот љубовен живот ќе ги решавате чекор по чекор. Најважно е  да не брзате. Доколку сте во долга и стабилна врска обидете се викендов да заминете некаде со партнерот. Ако сте слободни не бирајте многу брзо оставете да се докажуваат.
Близнаци
Ќе бидете способни јасно да ги искажете своите чувства оваа недела па дури и ако вашиот партнер не зборува многу. Од среда до петок многу време ќе поминувате размислувајќи за минатото.  Потрудете се да не му се јавите на ниту еден од поранешните партнери. Од недела вашата енергија повторно ќе се врати.
Рак
Не сте баш при себе оваа недела, што може да доведе до многу чудни ситуации и проблеми со саканата личност но не се плашете, се се решава. Вашата имплусивна природа е во полна сила во понеделник и вторник што може да ве доведе до незавидна позиција. Вашиот сегашен партнер ќе нема многу разбирање за вас.

 
Лав
Пријателството игра голема улога во секоја врска а тоа ќе го сфатите на почетокот на неделата. Може да кажете со сигурност дека работите тргнале на подобро. Кон средината на неделата ќе бидете фокусирани на финанасиите. Разговарајте на крајот на неделата вашите зборови ќе направат голема разлика.
Девица
Работите се одвиваат со рекордна брзина и на почетокот на неделата тоа ќе ви се допадне. Можеби ќе имате средба со стара симпатија која сте мислеле дека никогаш нема да ја видите и да се разбудат одредени чувства во вас. Како резултат на тоа ќе бидете полни со енергија.
Вага
Нови можности ќе ви се укажат на љубовен план, но тоа не мора да значи искушение да влезете во врска. Но со задоволство ќе ги прифатите новите чувства, и ќе влезете во период во кој со задоволство ќе се препуштите на одредена личност. За викенд ќе го живеете животот токму онака како што го замислувате.
Скорпија
Како што започнува неделата ќе имате неверојатно чувство за привлечност, но тоа нема да ви донесе голем успех на љубовен план. Малку мора „да ја спуштите топката“ ако не сакате да го изнервирате сегашниот партнер. Во другата половина од неделата некој ќе ви помогне.

 
Стрелец
Обидете се во понеделник и вторник да ги завршите сите обврски, па потоа ќе бидете расположени за вистинскии предизвик. Ако сте во врска ќе имате можност за саканата личност да украдете неколку часа дури во среда. Четврток е одличен ден за дружење со пријателите.
Јарец
На самиот почеток на неделата многу ќе размислувате за финансиите, што ви остава малку простор за саканата личност. Ако делите ист животен простор немојте да бидете изненадени ако дојде до многу расправии. Добрите вести пристигнуваат дури во среда.
Водолија
Во понеделник и вторник ќе се чувствувате одлично во својата кожа. Ако имате партнер можни се мали несогласувања но тие во никој случај нема да ви го нарушат расположението. Во среда проблемите на љубовен план исчезнуваат. Направете нешто убаво за себе. За викенд потпрете се на својот интелект.
Риби
Фокусирани сте на останатите личности во животот а многу малку на себе. Токму поради тоа понеделник и вторник посветете се на своите желби. Ако уште трагате по сродна душа на средината на неделата ќе запознаете личност која многу ветува. Не е важно каде ќе отидете важно е  да уживате во самиот пат и во друштвото на личноста која е покрај вас. Овен
Вашиот љубовен живот во понеделник се претвара во нешто исклучително интересно а поради тоа ќе имате насмевка на лицето. Можно е лично

Пронајдете не на следниве мрежи: