Неделен хороскоп 07.03.-13.03.2016

Неделен хороскоп 07.03.-13.03.2016Овен
Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле својата позиција во однос на останатите соработници. Умеете да процените поволна ситуација и верувате во своето знаење или способности. Сепак, вашата блиц интелигенција и снаодливост во настапот пред соработниците донесува само краткорочни ефекти.
Бик
Неочекуваните промени или нови случувања на работната сцена го менуваат вашиот секојдневен ритам, но во свој типичен манир делувате многу енергично и не се откажувате од зацртаните цели. Умеете да пронајдете заобиколни и ефикасни решенија. Важно е да ги испочитувате зададените рокови и да придобиете нечија доверба. 
Близнаци
Се обидувате да промените некои воспоставени правила кои владеат на работната сцена, но забележувате извесно негодување. Околината не е заинтересирана да ги поддржи вашите современи идеи за работење. Некој од соработниците претставува главна пречка во потполност да ги реализирате своите работно-финансиски намери во различни правци. Сепак, не дозволувајте тоа да влијае на вашето расудување или на креативното расположение
Рак
Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своите сознајни погледи. Различни работни прилики делуваат многу поттикнувачки и поучно, поради тоа насочете ги своите интересирања кон корисни цели. Важно е да го прилагодувате својот професионален стил и вредносни критериуми спрема заедничките интереси. Кога се преклопуваат вашата добра волја и творечка енергија, тоа донесува посебен ефект. 

 
Лав
Во достоинствен стил и без непотребни прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои не ви се допаѓаат. Не можете да правите минливи компромиси кои не се во согласност со вашите морални начела, поради тоа доцна е да ги корегирате своите пропусти или да ја менувате работната стратегија.
Девица
Во некои неочекувани или необични ситуации на работната сцена, мора да делувате многу трезвено. Во состојба на резигнација и конфузија, можна е погрешна ориентација или да создадете негативна тензија меѓу соработниците. Понекогаш постојат проблеми кои бараат креативна инкубација, пред да се искристализира добра одлука и позитивно решение.
Вага
Поттикнати сте од нечија приказна за службена соработка, ве привлекува идејата за нови професионални можности, различни повластици или општествен престиж. Вашите идеи се вклопуваат во заедничките интереси, така што соработниците со доверба ви препуштаат водечка улога.
Скорпија
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и имате многу амбициозни работни планови. Со одредена доза на мудрост и со добро осмислени потези, лесно можете да ги остварите своите работни намери. Не криете дека имате високи барања во секој поглед. Добрата проценка на работните шанси со организираност и прецизност донесува нов успех.

 
Стрелец
Делувате многу енергично во ситуации кога ги браните своите работни цели и интереси, но немате доволно концентрација да се посветите на детална анализа на случувањата. Постојат различни фази на можности во службените преговори. Важно е рационално да ја користите својата енергија и време. 
Јарец
Ве прати чувство на неизвеснот во проценката на новите случувања на работната сцена, но потребно е активно да учествувате во различни преговори. Не криете дека вашите очекувања се големи, меѓутоа забележувате дека соработниците често го менуваат своето мислење или ставови. Потпрете се на практичниот дух и на способноста за аналитичко расудување.
Водолија
Важно ви е да бидете забележани во работните кругови, пради тоа смислено испробувате нови стратешки потези. Но се има своја цена или разумна граница, до која ви е дозволено да импровизирате со своите оргинални идеи. По внимателно анализирајте ги своите соработници и прифатете добар совет, важно е да го споите она што ви е пријатно со корисно или практично решение. 
Риби 
Благодарејќи на добрата вештина за преговарање и прилагодување успевате да се вклопите во различни службени договори. Имате добро претчувство кога треба да иницирате поголема акција и на основа на својата интуиција донесувате исправна одлука. Во договор со соработниците на лесен начин можете да ги остварите своите интереси.Овен
Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле својата поз

Пронајдете не на следниве мрежи: