Викенд хороскоп за 06.02.-07.02.2016

Дознајте што ви предвидуваат астролозите за претстојниот викенд во хороскопот за 06.02.-07.02.2016 година!Овен
Според гласот на разумот одлучувате да тргнете во акција. Доколку добро сте размислиле и сте ги анализирале сите варијанти, ќе биде одлично! Само со конкретни акции може да ги докажете сопстевните вредности. Не се живее од празни зборорви. Се соочувате со емотивна нејаснотија.
Бик
Ќе ве пратат убавини во сите животни аспекти. Љубовта и уметноста се на прво место, но ни другите сегменти не изостануваат. Побарајте стручен совет доколку имате проблеми со жлездите и хормоните. Лавовите ви нудат нешто повеќе од обична соработка. Имајте ги на ум!
Близнаци
Ќе имате потреба од многу активности. Но, добро размислете пред да преземете било каква акција. Отворено барајте помош од својот партнер бидејќи сѐ уште се однесувате и размислувате како мало дете и немате објективни гледишта. Не ги трошете енергијата и времено залудно.

Рак
Немате причина, а имате чувство на ниска вредност спрема личности од спротивниот пол. Причината за ваквото однесување е недостиг на самодоверба. Исто така, викендов ќе бидете неосновано љубоморни. Вашиот партнер е многу комплицирана личност, но морате да се изборите со неговите проблеми и она што најмногу ви пречи – неговата тврдоглавост.
Лав
Викендов ќе уживате во сите среќни моменти кои ви ги нуди животот. Се чувствувате одлично, полни сте со енергија и љубов. Но, препорачливо би било да бидете умерени во сите аспекти. Внимавајте на своето здравје бидејќи постојат извезни ризици. Најдобро функционирате во друштво на Бик и Вага.
Девица
Ве очекува напорен викенд, ќе мора да ја вложите сета расположлива сила. Тешко се одрекувате од започнатото, но препорачливо би било да се откажете доколку сакате да функционирате поедноставно. Веќе од понеделник со голема леснотија ќе ги завршите сите обврски, а и сите проблеми ќе исчезнат.

Вага
Можни се здравствени проблеми како резултат на преголем стрес. Избегнувајте консумација на благи работи. Ваги, викендов однесувајте се во согласност со вашиот знак – балансирано. Само така нема да има проблеми. Со партнерот сте во одлични односи. На слободните ќе им се случи нова врска.
Скорпија
Припадник на знакот Водолија може да ве спаси од состојбата во која се наоѓате. Размислувањата во врска со иднината ве паничат и ви создаваат страв. Наскоро ќе добиете нова идеја која воедно ќе биде решение на сите ваши проблеми. Не ви е лесно, но сетете се на претходните искуства.
Стрелец
Добро е да знаете понекогаш и да поразговарате. Викендов вашите зборови злато вредат. Бележите успеси на секое поле. Бидејќи премногу верувате во сопствените физички способности, може да се соочите со здравствени проблеми како резултат на префорсираност. Моментално на удар се метаболизмот и нервниот систем.

Јарец
Овој викенд желбата за доминација ќе ви биде нагласена, но не му замерувајте на партнерот доколку ви предочи дека го преоптеретувате. Размислете добро за она што ви го кажува и обидете се да се промените. Нема да биде лесно, но верувајте, ќе биде корисно. И очекувано, ќе следат пофалби од околината.
Водолија
Вложувате максимален напор, но постигнувате минимални резултати. Сепак, трудот ќе се исплати. Избегнувајте непромислени изјави и насилство бидејќи може да имате сериозни проблеми. Практикувајте прошетки на свеж воздух. Дружете се со Скорпии.
Риби
Ќе имате интересен викенд.  Скорпиите ќе ви помогнат да функционирате подобро, но пак, во нивно друштво се чувствувате омаловажени. Имајте на ум дека ова е само субјективна проценка. Бидете свесни за сопствените квалитети.

Пронајдете не на следниве мрежи: