Неделен хороскоп 18.01.-24.01.2016

Неделен хороскоп 18.01.-24.01.2016Овен
Потребна ви е мудрост и дополнително трпение, пред да ги претставите своите работни планови пред соработниците. Не можете да игнорирате нечие влијание или барања, без оглед на различните ставови за заедничките интереси. Сепак, големиот напор на крајот се исплаќа и во тоа ќе се покаже вашата работна умешност или успех.
Бик
Различни ставови или поинаква работна ориентација во односот со сработниците, делува како отрезнувачки фактор и тоа се одразува на заедничките договори и резултати. Нови недоразбирања влијаат на вашата концентрација и професионална ангажираност. Потребни ви се подобри услови како би ги оствариле своите цели. Не сакате да се покорувате пред нечие барања, без разумно и детално објаснување.
Близнаци
Работната стратегија која ја спроведувате донесува само делумни резултати, што не ви влева посебно самодоверба пред соработниците. Потрудете се да бидете доволно промислени, пред личноста која може да ве окарактеризира на погрешен начин или да ги употреби вашите изјави во своја корист. Понекогаш е тешко да заклучите, кој и колку добива во службената соработка.

 
Рак
На средбата со сроабтниците често провејува заедничка недоверба или притаени судири поради различните работни интереси. Некој индиректно ве попречува да ги остварите своите намери, поради тоа трпите извесна неправда или загуба. Нема потреба да изговарате погрешни зборови пред соработниците кои не ги познавате доволно, бидете мудри и воздржани.
Лав
Задоволни сте поради нооите информации кои кружат на работната сцена, препознавате можна добивка или потенцијален успех. Важно ви е да делувате убедливо пред соработниците кои се соменваат во вашите професионални и организаторски способности. Не дозволувајте поради ситни интереси да направите почетен пропуст и да загубите нечија доверба.
Девица
Во согласност со своите перфекционистички барања делувате загрижено поради нечиј коментари, но првиот впечаток умее лесно да залаже. Потребно е вешто да се прилагодите на различните услови на работење и да останете доследни во своите намери. Не дозволувајте да ви недостасува оптимизам и силна волја. На средбата со соработниците употребете ги своите најсилни адути. Имате впечаток дека партнерот лесно преминува преку некои важни случувања.

 
Вага
Новите информации и случувања на работната сцена ги потврдуваат вашите амбициозни очекувања. Делувате со многу барања и подготвени сте да преземете водечка улога пред соработниците. Важно ви е во работните преговори точно да ги дефинирате заедничките односи, правила на однесување или поделба на интереси. Сакате да се изборите за што подобри работно-финансиски интереси и услови
Скорпија
Наидувате на недоразбирање во својата околина и имате впечаток дека некој од соработниците не ги цени доволно вашиот напор и посветеност. Понекогаш треба да прифатите потешки околности, како би ја елиминирале можноста за уценување или работни контакти кои не ги задоволуваат вашите основни критериуми. Важно е правилно да ја насочувате својата креативна енергија преку труд и творештво, како и да се дистанцирате од личности кои дополнително ве оптеретуваат.
Стрелец
Имате прифатено дополнителни обврски и активна улога во новите случувања на работната сцена. Потребно е правилно да се информирате, пред јасно да ги дефинирате своите работни интереси. Нема причина да ги форсирате своите цели пред соработниците, најдобро е вашите резултати да го илустрираат знаењето или способноста која ја поседувате.  Понекогаш ви недостасува трпение и одреден дипломатски манир.

 
Јарец
Важно ви е детално да се информирате за новите случувања на работната сцена и да влијаете на нечие мислење. Меѓутоа, тактиката на која инсистирате не донесува секогаш позитивни резултати. Некој ве доведува пред свршен чин и индиректно ги отфрла вашите идеи. Избегнувајте ситуации за кои немате доволно знаење, професионална умешност или практично искуство. 
Водолија
Делувате афирмативно и имате слух за современите идеи, со кои можете да го унапредите својот работен стил или професионално изразување. Се наоѓате во сјајна можност да завршите низа на корисни работи, кои ќе ви донесат психолошко опуштање и добра материјална сатисфакција. Здружете ги своите работни интереси со проверен тим кој ветува успех и долгорочна соработка. 
Риби
Со сета ажурност и одгворност која ја изразувате, не можете во потполност да ги задоволите сите свои соработници. Некој ве наговара да продолжите со започнатите работи да не се свртувате на пропратните коментари или на различните предупредувања. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински задачи.Овен
Потребна ви е мудрост и дополнително трпение, пред да ги претставите своите работни планови пред соработниците. Не мо

Пронајдете не на следниве мрежи: