Како ги заведувате мажите: Девицата е кралица за помешани сигнали, а тешко на оној кој ѝ се допаѓа на Скорпијата

Дали лесно го освојувате момчето на кое сте му „фрлиле око“ или пак мудро седите и чекате тој да го направи првиот чекор?Овен
Жените родени во овој знак се упорни и бестрашни. Ако жената Овен го види најдобриот фраер во клубот, таа без срам ќе му испрати пијалак. Зошто да би одложувала, кога и на мажите таа самоувереност кај жената им е многу секси. За неофицијален флерт најпогодни се мажите во знак Вага, Јарец и Овен, додека за озбилна врска – Близнаци, Лав, Водолија, Стрелец.  Скорпиите мажи избегнувајте ги бидејќи за вас се премногу наметливи.
Бик
Вие дефинитивно сте од некоја друга епоха и не сте родени да заведувате туку да бидете заведени. Многу сте слатки и фини, но вашиот максимум во флертот е нежно да му ја допрете раката додека разговарате со типот  кој ви се допаѓа. За неофицијален флерт најпогодни се мажите во знак Скорпија, Овен, Девица, додека за озбилна врска Близнаци, Вага или Јарец.
Близнаци
Жената во знак Близнаци во освојувачки поход не тргнува со остресено деколте и голи нозе. Нејзиниот главен адут е нејзината комуникативност. Таа лесно остварува контакт со посилниот пол и ги освојува со својата духовитост. За неофицијален флерт најпогодни се мажите во знак Лав, Девица и Скорпија, додека за озбилна врска Водолија, Вага и Овен.

 
Рак
Родените во овој знак имаат крајно специфичен стил на флертување. Тие самите не се гледаат како големи заводнички и не се трудат тоа да бидат. Вас навистина ве интересира тоа што другите ви го кажуваат и поради вашето сочувствување станувате нежни кон нив. Е тоа е тоа што вас ве прави неодоливи. . За неофицијален флерт најпогодни се мажите во знак Лав, Јарец Риби, додека за озбилна врска Бик, Девица или Риби.
Лав
Жена наречена „его на квадрат“. Таа сака да и се восхитуваат, да ја фалат и постојано да и обрнуваат внимание. А токму така се однесуваат и кон мажите кои и се допаѓаат. Таа ќе му зборува дека тој е најдобар, најубав и најпаметен. Од флертот направивте наука, во што секако ви помогна вашата харизма, насмевката која не ја тргате и директните погледи кои ги упатувате на мажот кој ви се допаѓа. За авантура ви одговараат Рак, Близнаци, и Водолија, додека за врска Овен, Стрелец, и Вага.
Девица
Жената родена во овој знак е кралица на помешани сигнали. Во еден момент сте воздржани, а во наредниот во очите ви пишува дека би се нафрлиле на него. Но, секој не може да ви пријде ниту пак на секој да му покажете наклонетост. За кратка авантура најчесто бирате познаници а најдобро е тие да се од знакот Близнаци, Скорпија или Водолија. Меѓутоа за врска најмногу ви одговараат Бик, Рак, Јарец и нормално Девица.

 
Вага
Напросто плените со вашата харизма, убавина и шарм кои ви се главни адути во заведувањето. Меѓутоа вие нема да му посветите внимание само на еден маж, туку на сите кои ви се во околината, за некој да не се почувствува помалку вреден и да се лути зошто сте го одбрале едниот, а не другиот.  Бик, Овен и Вага ви се погодни за кратка авантура, додека за врска Близнаци, Лав или Водолија.
Скорпија
Жената Скорпија е дефинитивно кралица на флертот. На тој што ќе му се наврти со својата повеќе од видлива сексуалност, сензуалност и дозирано безобразие, нема да знае што го снашло (во позитивна смисла нормално). Вие некогаш флертувате поради забава, а не за навистина некого да заведете, па поради тоа во иста просторија на еден тип заводнички ќе му се насмевнете, другиот значајно ќе го погледнете а третиот ќе го допрете така што ќе му поминат морници по телото. Во авантура за една ноќ ќе уѓивате со Овен, Бик или Стрелец додека сродна душа можете да најдете во мажите од знак Рак, Јарец или Риби.
Стрелец
Жената стрелец кокетирањето многу ја забавува, бидејќи секогаш е жедна за забава и авантура. Мажите најпрво ги привлекувате со некоја фантастична и по малку провокативна приказна, а потоа ќе го докрајчите со константно задевање и „случајни“ сензуални допири. Но, често знаете да бидете и емоционално воздржани па после силниот флерт да се повлечете и да си одите, оставајќи го типот во чудо. За авантура ви одговараат Скорпија и Стрелец, а за сериозна врска Близнаци, Лав или Вага.

 
Јарец
Припадничките на овој знак не праќаат помешани сигнали. Напротив тие се многу искрени и реални, но понекогаш и резервирани. Нема да се впуштите во флерт со некој кој не ви се допаѓа или не ви е интересен. Оној кој ви се допаѓа треба да ве открие кога ќе почнете да си играте со косата или лесно да го допирате своето тело. За краткотрајна авантура одберете Овен, Рак или Вага, додека за врска Бик, Девица или Скорпија.
Водолија
Жената Водолија сака да флертува бидејќи тогаш нејзината харизма доаѓа до полн израз. На вас не ви е потребно да бидете 1 на 1 со личноста која ви се допаѓа, вие ем отворено ќе флертувате со него ем истовремено ќе кокетирате со уште неколку момци кои се наоѓаат во истата просторија. Заведувате со вашата смисла за хумор и о секое ваше движење со кое покажувате колку сте женствени. Лав, Скорпија и Риба најмногу ви одговараат  за краткотрајна авантура, а за врска Близнаци, Стрелец и Вага.
Риби
Припадничките на овој знак знаат да бидат многу срамежливи, но не се откажуваат од флертот. Понекогаш не морате да кажете ништо а околу вас веќе се врткаат неколку момци. На спротивниот пол делувате како магичен магнет, бидејќи истовремено сте чувствителни, таинствени и сензуални. За кратка авантура ви одговараат Бик, Вага и Водолија, а за врска Рак , Скорпија или Јарец. Овен
Жените родени во овој знак се упорни и бестрашни. Ако жената Овен го види најдобриот фраер во клубот, таа без срам ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: