Неделен љубовен хороскоп 16- 22.11.2015

Неделен љубовен хороскоп 16- 22.11.2015Овен
Во личните односи поважно ќе ви биде прашањето на заедништво, а токму тоа ќе ве одведе чекор напред. Некои ќе размислуваат за почеток на заеднички живот. Ќе има и такви кои ќе ја освежат својата врска и секако ќе се откажат од приговори.
Бик
Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои се уште ја бараат сродната душа би можеле да наидат на љубов, додека секој ден се повеќе ќе откриваат колку малите работи се убави и добри. Сепак, не реагирајте на критиките на саканата личност.
Близнаци
Богатството на излегувањата и широкиот круг на луѓе кои  се уште се проширува  ќе ви ги направат овие денови  динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами, а главно околу вас ќе се мотаат ваши драги луѓе. Ќе бидете исполнети, опуштени, забавни и весели.

 
Рак
Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилна, а со тоа оди и живот во тишина. Барем кога се работи за љубов. Повеќе нема да ви бидат важни атракциите, туку ќе успеете да уживате во сосема мали и обични ситуации.
Лав
Ќе станете посоцијални бидејќи околностите ќе ве наведат на тоа. Сепак, вашето срце веројатно нема да биде сосема  исполнето. Многумина ќе излегуваат заедно во поголеми групи и нема да се осамуваат. Добрата забава е загарантирана, но не многу повеќе од тоа.
Девица
Пред вас се денови  во кои ќе имате прилика да ја тренирате толеранцијата, дипломатијата, трпението. Токму во тие ваши односи ќе зависи и  квалитетот на вашиот љубовен живот. Доколку сакате да бидете задоволни, допуштете ѝ  на другата страна и таа да води нешто.

 
Вага
Како што  ќе минува неделата, ќе има се повеќе повици и прилики за излегувањата, забави, лудувања во љубовта. Веројатно нема да бидете почестен гостин, а вие самите ќе се трудите ништо да не пропуштите. Било во врска или сами, добро ќе се забавувате.
Скорпија
Помеѓу вас и саканата личност со секој ден ќе има се повеќе размена на идеи, разбирања и  складност, а довербата ќе расте. Ќе бидете задоволни и  среќни што е така. Оние кои  се се уште сами ќе имаат ново познанство.
Стрелец
Ќе станете помирни и позадоволни. Ќе им ги читате мислите и чувствата на партнерот. Затоа ќе разговарате само за важни теми. Љубовта веројатно  ќе ви биде возвратена на убав начин. Оние кои се се уште сами ќе им бидат интересни на другите.

 
Јарец
Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечните и помалку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе размените идеи  за се и сешто, но сето тоа ќе ве исполни и двајцата. Оние кои се уште се сами ќе се сконцентрираат на тоа да ја пронајдат својата љубов од соништата.
Водолија
Ќе ви се чини како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално бидејќи најмилата личност моментално  ќе им биде отсутна. Копнежот ќе се зголеми, а со него и чувството на осаменост. Некои мирот ќе го најдат во активирање на мечтите и  соништата.
Риби
Пред вас се искуства и искушенија кои  би можеле да ве обогатат како личност. Ќе се двоумите како да се поставите кон другата страна, но критериумот нека не ви биде само вашето задоволство. Бидете тоа што сте и  гледајте на долги патеки.Овен
Во личните односи поважно ќе ви биде прашањето на заедништво, а токму тоа ќе ве одведе чекор напред. Некои ќе размисл

Пронајдете не на следниве мрежи: