Дневен хороскоп за 09.11.2015

Дневен хороскоп за 09.11.2015Овен
Ќе имате моќни мисли кои нема да ви дадат мир. Информациите кои ги добивате од околината ќе ве променат. Ќе морате малку да се прилагодите на туѓите потреби и да ги вклопите своите размислување во моменталната состојба на работите.
Бик
Зборовите кои доаѓаат до вас не мора целосно да бидат веродостојни, затоа немојте слепо да се држите до нив. Запаметите дека заклучокот треба да го донесете сами. Одговорите ќе ги добиете кога најмалку очекувате. Отворете го умот за нови можности и ќе ви се отвори нов јасен пат.
Близнаци
Можно е некој да проба неговите зборови да ги стави во вашата уста и од тоа да извлече корист. Не паѓајте во замки. Умот ви е прилично отворен и прифаќате туѓи сугестии. Користете ги очите и ушите за да профитирате од информациите. Верувајте во себе.

 
Рак
Запаметите дека за кавга се потребни двајца. И вие морате да го одиграте својот ден. Ако сакате мир, требате со свои зборови и говор на тело тоа јасно да го покажете тоа. Ако не е така побарајте ја причината за тоа во вас.
Лав
Ќе манипулирате со другите во своја корист, а на крајот тоа и не мора да испадне како што вие сте сакале. Дајте им на другите слобода во размислувањето и дозволете им да одлучуваат во свое име. Бидете отворени и искрени кон сите.
Девица
Вашите коментари ќе бидат позитивно прифатени каде и да се појавите. Ќе ги воодушевите сите околу себе. Не ги кријте своите чувства пред блиски личности. Концентриријте се на луѓето кои ги сакате. Срцето ви е топло и великодушно, поделете го со другите.

 
Вага
Ситуацијата нема да биде организирана како што сте навикнати па ќе ви биде малку тешко да се снајдете во несредена околина. Ќе морате малку да се отргнете од работата и да и се посветите на забавата. Одговорите ќе ги најдете на место кое најмалку очекувате.
Скорпија
Верувајте им не луѓето повеќе од вообичаено. Ќе видите дека се оди подобро кога на работите ќе им пристапите со довореба и позитивизам наместо со вообичаената сомнителност. Слушајте ги луѓето кои многу ги сакате. Ќе ви пренесат важна информација која ја чекате долго време.
Стрелец
Искористете го денот за да соберете малку поинаква енергија од таа која сте навикнати. Време е за малку истражување. Сакате да видите нови места и да искусите нешто ново. Прифатете ја приликата која ви се нуди за бар на момент да го исполните својот авантуристички дух.

 
Јарец
Ако сте уморни, не го прескокнувајте дневниот одмор. Подобро ќе ви биде ако прекинете некои контакти на некое време и потоа одморени да продолжите понатаму, отколку да се исцрпувате до бескрај и да работите со намалена енергија. 
Водолија
Комуникацијата денеска ќе ви оди од рака, па затоа искористете ја ситуацијата и кажете се што ви лежи на душа. Денеска е одличен дена за создавање на нови врски. Следете го својот инстинкт и слободно влегувајте во дебати. Вашиот тон и зборови се многу уверливи.
Риби
Не дозволувајте стравот од неуспех да ве успорува на вашиот пат. Иако најмногу сакате да ве снема од „сцената“ и работите да ги правите на најлесниот начин, тоа денеска не ви паметно решение. Овој пат треба да се покажете како лидер. Овен
Ќе имате моќни мисли кои нема да ви дадат мир. Информациите кои ги добивате од околината ќе ве променат. Ќе морате ма

Пронајдете не на следниве мрежи: