Љубовен неделен хороскоп 02.11.2015-08.11.2015

Љубовен неделен хороскоп 02.11.2015-08.11.2015Овен
Со малку среќа некој значаен дел од приказната, кога врската е во прашање конечно ќе биде сложен. Конечно ќе ви се разјасни се она што не ви било јасно и што ве вознемирувало. Биле позитивни или негативни резултатите ќе ви донесат мир.
Бик
Простувањето е едноставно и племенито, но тоа мора да дојде од срце. Ова важи и за простувањето само од себе, а тоа токму треба да се случи на почетокот на неделата. Вторник и четврток се денови совршени за флертување.
Близнаци
Поработете на почетокот на неделата на својот дух. Делете насмевки и комплименти на сите околу вас.  Веќе во понеделник направете планови за возбудлив викенд. Среда и четврток се поволни да погледнете добро во внатрешноста на вашето срце.

 
Рак
На почетокот на неделата ќе бидете особено расположени за склопување на нови контакти. Ѕвездите ви советуваат да не бидете лути, затворени и негативни, затоа што ве очекува навистина значајно познанство. Бидете отворен и искрено разговарајте за она што ве мачи.
Лав
Оваа недела нема да имате многу време за љубов. Од петок па се до крајот на неделата вашата моќ за убедување ќе биде импресивна. Искористете ја да ги подобрите односите во врската, а не за манипулирање.
Девица
Вашиот начин да искажете романитка и љубов нема најдобро да се вклопи со другата страна на почетокот на неделата, што би можело да предизвика низа компликации. Нема начин работите да се подобрат освен со разговор. Бидете подготвени за нови контакти.

 
Вага
На почетокот на неделата ќе ги обожавате состаноците „еден на еден“. Но внимавајте да не го загушите партнерот. Можеби тој сепак сака да бидете во друштво. Во среда и четврток вашата племенита и хумана страна ќе дојде до израз.
Скорпија
На почетокот на неделата водете сметка да не пропуштите нешто позитивно и убаво само затоа што и судевте на книгата по кориците. Посвете му внимание на оној кој навистина ви е важен. Среда  четврток и петок се одлични денови за запознавање на некој нов партнер.
Стрелец
Сите работи поврзани со вашиот љубовен живот во понеделник ќе ви изгледаат одлично. Но внимавајте да не паднете на убави зборови и лажни ветувања. Кон средината на неделата можно е да ви биде скршено срцето и да бидете повредени затоа бидете многу внимателни.
Јарец
Внимавајте на некого  кој е постојано во движење, има многу обврски и немирен дух. Таа личност може целосно да го промени вашиот живот. Ако сте во врска оваа недела ќе бидете романтични и нежни.  За викенд на оние што се слободни ги очекува многу забава.
Водолија
Очекувајте понеделник и вторник да ви донесат поволни и лесни начини да ги решите проблемите и несогласувањата кои ги имате во врската. Бидете подговтени за многу комплименти од спротивниот пол, со оглед на тоа дека ќе бидете многу шармантни во текот на оваа недела. Состанокот кој го планирате за викенд ќе помине одлично.
Риби
Каков е вашиот љубовен живот во моментов? Времее е да размислите и ако треба да пробате одново. Вашето срце ви праќа пораки дека нешто мора да промените. Во среда или четврток некој пријател може да ви стане нешто повеќе. За викендов заборавете на егото.Овен
Со малку среќа некој значаен дел од приказната, кога врската е во прашање конечно ќе биде сложен. Конечно ќе ви се разјасни се она што

Пронајдете не на следниве мрежи: