Неделен хороскоп 26.10.-01.11.2015

Неделен хороскоп 26.10.-01.11.2015Овен
Опуштете се во понеделник вашето тело ќе бара одмор. Оваа недела ве очекуваат неколку прекрасни денови. Тоа одлични ќе влијае на вашата самодоверба. Во четврток направете нешто ново.
Бик
Оваа недела дозволете пријатните чувства да надвладеат со вас. Уживајте во нив во целост а веќе во вторник работните обврски ќе ве вратат во реалноста. Не влегувајте оваа недела во конфликти. Држете се на страна и гледајте си ја својата работа. 
Близнаци
Посветете се на себе во понеделник и во вторник. Нека тоа бидат активности за кои никако не наоѓавте време. Имате целосно право да уживате и да си угодувате на себе. Во петок ве очекува одличен ден во кој ќе уживате. 

 
Рак
Во понеделник ќе бидете во искушение да не бидете искрени кон колегите од работа. Најдобро е да ја избегнувате комуникацијата со нив во текот на овој ден. Мудро размислете како ќе постапите. Веќе во среда ќе имате гости од странство. За викенд уживајте со партнерот. 
Лав
Во согласност со воите афинитети избирате работа за која ви се чини дека има најголеми изгледи за успех и широка афирмација. Потребно е да осмислите добар план и да ги престигнете одредени соработници. Правилната информираност и добрата работна организација води кон успех, важно е ефикасно да ги остварите своите цели без непотребни расправи.
 
Девица
Благодарејќи на новите информации за работни можности  ги проширувате своите интересирања во различни правци. Се наоѓате во сјајна ситуација да остварите долгорочни работни интереси. Во споредба со своите соработници често го имате „главниот збор“ и умеете да остварите добра позиција. Важно е да поттикнете двонасочни контакти.

 
Вага
Не сакате да ризикувате во службените-финансиски преговори, но забележувате дека некој од соработниците индиректно ги менува почетните услови или дека ги привлекува своите цели. Доколку не испочитувате нечиј барања, ве очекуваат дополнителни компликации и зборови на критика. Не можете да ги промените сегашните околности на работната сцена и да ги запоставите своите обврски.
 
Скорпија
Се наоѓате во креативна фаза, но постојат различни околности кои го ограничуваат вашето влијание. Случувањата на работната сцена имаат променлив тек, вештината на прилагодување во одредени ситуации донесува најдобар ефект. Потребно е да се ориентирате кон долгорочните интереси, но да прифатите и современ тренд во изразувањето. Важно е да влевате емотивна поддршка на својот партнер и верно да ги следите заедничките идеи.
Стрелец
Делувате одлучно во своите намери и ви импонира сознанието дека околината ги поддржува вашите идеи. Ново сознание позитивно влијае на вашата професионална ориентација. Умеете да процените поволна ситуација на работната сцена и да осмислите добар настап пред соработниците. Посветете внимание на можностите за партнерско здружување на подолг временски период. 

 
Јарец
Важно ви е да ги проширите своите професионални интересирања во различни правци, но постојат и ситуации кои бараат дополнителен напор. Ви се чини дека губите драгоцено време или енергија, додека ги слушате соработниците за различни работни идеи кои немаат перспектива. Бидете реални, прифатете работи за кои имате доволно знаење или искуство. 
Водолија
Потребно е да дефинирате листа на приоритети во согласност со новите случувања на работната сцена и по основ на критериумите кои се применуваат. Избегнувајте соработка со личност која ви создава различни непријатности, не е момент да се пресметувате со неистомислениците. Посветете внимание на работите кои ќе ви донесат конкретни резултати и финансиска добивка. 
Риби
Делувате многу промислено и комплетната ситуација на работната сцена ја проценувате од различни аспекти. Потребно е да се определите за долгорочно службено-финансиско решение и за сигурен партнер. Успехот се сведува на деталното планирање и на правилната проценка на можностите, својата креативна енергија насочете ја кон корисни цели.Овен
Опуштете се во понеделник вашето тело ќе бара одмор. Оваа недела ве очекуваат неколку прекрасни денови. Тоа одлични ќе влијае на вашат

Пронајдете не на следниве мрежи: