Неделен хороскоп за 19.10.2015 – 25.10.2015

Дознајте што ви предвидуваат астролозите за оваа недела.Овен
Водени од разумот, ќе придавате значење на сè што ве возбудува и сакате да го постигнете. Тенденции ќе бидат добри за вас и ќе ви дадат сила, за каква што не сте се сомневале дека можете да ја носите во себе. Со отворени сетила ќе се потпирате на секоја примена вест и ќе преземате соодветни дејства, оставајќи ги луѓето околу вас да бидат задоволни. Ќе настојувате да им помагате на оние на кои помошта им е најпотребна. Афирмацијата на вашите вештини ќе се јавува во социјалната, политичката, техничката, културната и многу други сфери. Расположението ќе ви се зголеми и ве очекува пријатно изненадување на личен план. Ве очекуваат нови придобивки.
Бик
Продлабочување на знаењата во областа која ве интересира. Ќе напредувате и покажете подготвеност за активна работа. Овие, но и други околности ќе ви вратат спомени од минатото и ќе ве натераат да пронајдете нов начин при справувањето со емоциите. Стремежот кон повеќе и добри дела ќе ви ја насочи енергијата во вистинска насока. Интелигентно и праведно ќе оценувате и донесувате одлуки во корист на сите. Голем дел од вас ќе постигнуваат договори кон кои се стремат, се разбира, со помош на други луѓе. Нема да ви е лесно, но не сте измамени од тешкотиите кои ги придружуваат вашите дела. Внимавајте со авантурите, за да не си создадете главоболки. Грижете се за себе и за своите најблиски, меѓусебно ќе си бидете потпора и извор на енергија во текот на овие денови.
Близнаци
Прави работи со јасна свест кои ви даваат сила да одите напред. Периодот е поволен за започнување на нови потфати, меѓу кои промена на работното место, постигнување на ангажнаби и реализација на поволни финансиски операции. Се разбира, горенаведените случувања нема за сите припадници на овој знак да одат во таква насока. Кај некои тие можат и да изостанат, но во сите случаи готово ќе бидат во ваша полза. За таа цел, практично искористете го времето, водејќи се од разумот и слушајте го срцето. Вие најдобро знаете што можете и како да го постигнете, останувајќи со здрава психа и пријателско однесување.

Рак
Гледајте на сè во животот со спокоен и позитивен став, а во замена ќе добиете внимание, љубов и поддршка. Одете на работа со повеќе вера и внатрешна убеденост за да ги постигнете своите цели. Не се лишувајте од работите кои ви носат задоволство, но меѓу нив слушајте го и гласот на разумот. Ја наметнувате својата оддалеченост од луѓето кои ве сакаат и барате реципроцитет од другите. Ви претстојат денови кои ќе ви донесат достигнувања на личен и професионален карактер. Ќе добиете висока оценка за својата работа и пари нема да ви недостигаат. За многу луѓе ќе се претворите во центар на атракција и не само со своите квалитети, туку и со вештината да креирате пријатна атмосфера околу себе.
Лав
Разумно искористете ги способностите и насочете ги во корист на личните интереси. Ќе постигнат брз напредок поради своите дела, а на крајот од есента и ќе се зголемат вашите финансии. Направете ја приоритетна идејата со која се занимавате сега и ќе ја остварите. Дамите ќе покажат зголемен интерес кон претставниците од посилниот пол. Кај други од вас, возбудлив предлог ќе ги зголеми нивните желби и ќе ги втурне кон нова, интимна врска, која кај некои може да прерасне во брак. Се подготвувате за претстојно патување, а можно е тоа веќе и да е во тек. Добро осмислените детали ќе ви заштедат непредвидени трошоци. Блиските ќе ви помогнат при домашните поправки и други семејни активности.
Девица
Ве очекува напорно темпо на работа кое ќе ве подготви да ги дочекате новините кои ги наложува пазарот. Следењето на одговорностите и искористувањето на познанствата со влијателни луѓе ќе се прикаже како добри. Во соработка со други луѓе или самостојно, ќе работите на идеи, совладувајќи ги тешкотиите од административен, правен и било кој друг битен карактер. Поради манифестацијата на вашата генијалност, активност, логичност и флексибилна мисла ќе добиете добра оценка за работата по што ќе следуваат интересни предлози. Брзо ќе напредувате во областите во кои вметнувате креативност и најмногу желба да откриете повеќе од себе. Животот може да стане полесен и пријатен ако се ослободите од крајности во размислувањето, амбициите и однесувањето. Следете го здравиот разум и верувајте во себе, во доброто и во луѓето.

Вага
Дел од вас ќе се одлучат да работат напорно, со волја и желба за промени. Енергичноста и познанствата ќе донесат повеќе од она што сте го посакувале. Во таква состојба на духот сте способни за храбри дела, какви што нема да ви недостигаат. Мотивирани сте и тоа ви помага да ги предвидувате и организирате задачите според нивната важност. Во поддршка на кажаното, ќе живеете целосно, искористувајќи ја секоја можност во животот. Обрнете внимание на здравјето, за да ги продолжите успешните потези. Природата ќе ве привлекува со убавината и спокојството, а песната на птиците ќе ви создава чувство на лет. Охрабрете го доброто во себе и грижете се за љубовта, како ја држите безусловно и чисто. Со трпение, поддржувајќи  ја законитоста и моралот, ќе постигнете многу од работите кои ќе ве направат среќни.
Скорпија
Со рутина ќе раководите во работата на луѓето од опкружувањето, така што ќе ги завршите започнатите задачи во рок и квалитетно. Напорите нема да останат незабележани. Деловен предлог ќе ве натера да побарате професионален совет и да анализирате важна ситуација. Енергијата и потребните средства ќе ви стигнат за да се ослободите во повеќе насоки. На дел од вас им претстојат патувања, средби со непознати места и луѓе. Комуникацијата со нив ќе ја зголеми вашата способност да откривате нови можности и перспективи. Можно е сè да не оди глатко, но не брзајте да критикувате и да ги барате причините во другите. Разговарајте аргументирано и не дозволувајте емоциите да пречат при оценувањата. Зачувајте го добриот тон во комуникацијата.
Стрелец
Стремежот кон внатрешна хармонија во комбинација со разумот и интуицијата, ќе ве доближи до успехот. Следете ги целите без да ја губите својата енергија во непотребни објаснувања. Полесно ќе донесувате одлуки, поддржани од блиски и верни пријатели. Има на кого да се потпрете и овој факт ви носи спокојство во душата. Анализирајќи ги случувањата, ќе возвраќате на провокациите со точни и навремени активности со кои ќе ги совладате емоциите и страстите. Уште еднаш ќе ја покажете својата сила и секој што ќе се осмели да застане пред вас, ќе се сретне со прегради. Иако имате напорно секојдневие, ќе ја наоѓате удобноста која ви носи расположение и чувство на сигурност. На крајот од неделата се можни патувања или пречек на гости.

Јарец
Жртвите кои ги правите ќе се ценат и ќе ви создадат услови за реализирање на сопствените амбиции. Направете ги работите такви какви што би ве поттикнале да ги слушате срцето. Секој компромис со совеста ќе ве враќа назад. Еднаквоста не е опција за вас на работното место, бидејќи ќе сметате дека тоа не е гаранција за успех. Сфатете ги нештата позитивно и успехот ќе дојде наскоро, од што се надевате. Можност за нова работа која ќе ја слушнете од вашите добри пријатели. Оттаму ќе добиете ексклузивни понуди. Квалитетите кои се бараат вие ги поседувате, но потребно е малку повеќе да се експонирате.
Водолија
Духовното будење ви е во тек. Во тишината на срцето ќе наоѓате точни одговори и ќе бидете советувани од своето внатрешно „јас“. Проблемите кои ги имате ја зголемуваат вашата отпорност и ве прават повеќе зрели и мудри. Не грижете се, ви претстои настан за каков што не сте сонувале. Судбината ви носи плодови, овозможувајќи ви духовна удобност. Бидете добри, бидете умни, бидете одговорни кон останатите. Радувајте се на малите нешта и долго ќе ја држите среќата до себе. Можна е една промена, која за многумина од вас ќе стане нивна судбина.
Риби
Ќе уживате во бенефициите кои ќе ве мотивираат да работите и да постигнете повеќе. Размислувањата ќе се менуваат во насока на новостите кои и покрај вашиот отпор влегуваат во животот. Вашите најблиски ќе играат важна улога во животот, ќе ви помогнат и ќе ве охрабрат. За вас е важно да ги гледате задоволни, тоа го исполнува срцето со радост. Интимните искуства ќе станат заситени и ќе се расчистат недоразбирањата со партнерот. На работното место ќе се отвори нова страница за вас и ќе направите секојдневието да ви биде исполнето со одговорности и задачи. Новата финансиска стабилизација ќе ве поттикне да пронајдете соодветни инвестиции. Консултирајте се со професионалци.Овен
Водени од разумот, ќе придавате значење на сè што ве возбудува и сакате да го постигнете. Тенденции ќе бидат д

Пронајдете не на следниве мрежи: