Викенд хороскоп за 03.10-04.10.2015

Дознајте какви изненадувања ќе ви донесе првиот октомвриски викенд за оваа година.Овен
Овој викенд ќе биде многу успешен за вас. Можни се непријатности кои ќе ги предизвикаат вашите противници, но вие ќе им одржите лекција. Не кажувајте работи за кои знаете дека е подобро да ги премолчите.
Бик
Доколку не успеете да ги хармонизирате односите, ви следуваат остри кавги. Не правете скандали доколку работите излезат од контрола. Дајте им поддршка на оние на коишто им е потребна и заедно радувајте се на успехот.
Близнаци
Дејствувајте рационално. Ќе имате напорен викенд и кавги со партнерот. Внимавајте на вашите зборови, можеби ќе предизвикате огромни фрустрации кај блиските. Со тоа може да ги загрозите односите. Околу вас има луѓе кои ве сакаат и поддржуваат.

Рак
Викендов Раковите ќе се соочат со големи тешкотии во остварувањето на своите цели. Ова е соодветно време за дружење и стекнување на нови пријатели, но бидете подготвени некои од средбите да ги одложите за друг ден.
Лав
Тежок викенд е пред вас. Ќе имате многу работа и ќе немате време да му се посветите на партнерот кој со нетрпение го очекува вашето внимание.  Внимавајте на здравјето.
Девица
Ве очекува одличен викенд, но само кога станува збор за емотивните односи. Постои можност да се соочите со проблеми на работното место. Ако се чувствувате уморно, зачувајте го спокојството и не се впуштајте во конфликтни ситуации.

Вага
Викендов ќе бидете насочени кон решавање на финасиски прашања. Ако не добиете нечија поддршка, тешко може да се прогнозира позитивен развој на ситуацијата во која се наоѓате. Пазете се од конфликти.
Скорпија
Скорпиите исто така ги очекуваат тешкотии викендов. Многумина од зодијачкиот знак не вложуваат доволно напори за реализација на целите. Посветете му поголемо внимание на партнерот и на семејството.
Стрелец
Викендов тешко ќе ги реализирате деловните цели. Избегнувајте спорови, затоа што ќе прераснат во големи конфликти. Тенденциите во професионалната сфера ќе ве поттикнат да го продолжите започнатото, колку и бесперспективно да изгледа во моментов.

Јарец
Викендот е успешен за остварување на деловни цели, а најмногу за решавање на проблеми. Проблемите кај многумина се поврзани со финансиски прашања. Викендов искористете го за да ги зајакнете односите со околината.
Водолија
Кај речиси сите претставници на овој знак, нервозата е силно нагласена. Причини за таквата состојба секако има многу. Ослободете се од напнатоста и насочете се кон работите кои ве интересираат. Останете смирени и добронамерни во комуникацијата со другите.
Риби
Следува успешен викенд за реализација на лични цели, обврски од финансиска природа и контакти со луѓе од блиска средина. Секако, поддршката е важна. Можни се и кратки патувања, но бидете внимателни зад воланот.Овен
Овој викенд ќе биде многу успешен за вас. Можни се непријатности кои ќе ги предизвикаат вашите противници, но вие ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: