Станува збор за еден аналитички ум кој ги скенира туѓите зборови, ги пакува и добро ги обработува…Да се препушти нешто на случајот, за нив е сосема непознато. Се мора да биде испланирано, поставено на свое место, само така единствено може да функционира за нив. Точни се и пресметливи. Се пресметуваат, делат и раздвојуваат на ситни делови за се да направат без грешка.
Секако, станува збор за хороскопскиот знак Девица.
Кај нив нема пропусти. Тоа ги навредува, за нив е невозможно тоа да се случи. Нивниот мозок е сличен со Близнаците, па не е чудно што тие толку добро се сложуваат. И кај двајцата владее Меркур. Но, за разлика од Близнаците кои се доста темпераменти и забавни, Девиците не умеат да се забавуваат.
Тие едноставно не умеат да скратат. Ако не образложат се како што треба, исто како ништо да не кажале. Доста се навредуваат доколку некој ги прекине. Бидејќи се ужасно нервозни, започнуваат со висок тон, до урлање и викање, само да го објаснат до крај тоа што го започнале.
Фитиљот им е краток. Се ужаснуваат за секакви глупости, безобзирности, неточности, спротиставувања… Нивните нерви се претенки, а реакциите толку бурни. Големи злопамтила се, умеат да ископаат детали од некој разговор кој секој би го заборавил, но Девицата никогаш!
Нивната меморија е фотографска, математички точна. Поседувањето на оваа силна логичка интелегенција ги доведува до судир со себе и емоциите. Се мора да има логика. А во емоциите ја има најмалку. Тоа им пречи, тие не умеат да ги расчленат тие нелогични работи. Во се што нема логика, Девицата ја губи земјата под нозе, барајќи место на кое може да застане.
Не умеат вистински да живеат. Одат по нереални стази. Мора се да се знае и за се да има основа, почеток, средина и крај. Очекуваат и бараат чистота и точност. А самите умеат да бидат неточни и неуредни. Девиците најчесто каснат. Ова не се однесува на работата, туку на се останато.
Со Девицата секој може да се изгуби. Нема шанси да бидете над неа. Тие располагаат со информации кои многу добро ги помнат и ги имаат спакувано во незаборав во својот мозок.
Хипохондриците најчесто се родени во овој знак. Во љубовните врски сакаат до бесконечност и назад. Се предаваат безрезервно, другите ги сакаат повеќе од себе, што умее да го зачуди нивниот аналитички ум. Нивната љубов е чиста како солза. Кога сакаат не изневеруваат. За Девиците тоа е скоро и невозможна мисија. Најретко изневеруваат личностите од овој знак. За нив тоа нема смисла. Тука излегува на површина таа нивна логика…
Немаат доверба во партнерот, го гушат, посесивни се и ужасно љубоморни. Не постои понапорно суштество од љубоморна Девица. Ќе ги направат сите оние глупости само за да докажат дека партнерот ги изневерува. Ќе прислушкуваат разговори, ќе им ѕвонат по сто пати на ден. Постојат шанси и да најмат приватен детектив. Додека им трае лудилото, тешко е да ги гледате и слушате, а исто така е и доста тажно.
Тие навистина не веруваат. Нивниот сомнеж од нив прави будали. Иако се свесни за тоа, тоа е посилно од нив и додека не ја истераат работата како што тие наумиле, не се откажуваат. Кога ќе ја дознаат вистината, се помируваат со неа, каква и да е. Тие само сакаат да си докажат себе и на личноста дека се во право. Поголемо „папучарско“ однесување нема никој друг како Девиците, тие уживаат мазохистички во тоа.
Нив единствено ги валкаат парите кои многу ги сакаат а неа умеат да раководат со нив!Да се препушти нешто на случајот, за нив е сосема непознато. Се мора да биде испланирано, поставено на свое место, само така единствено може да фун



