Дневен хороскоп за 19.02.2015

Дневен хороскоп за 19.02.2015Овен
Овој четврток за вас ќе биде напорен. Во текот на денот ќе се служите со лаги, поради некој влијателен човек кој ќе се обиде да ви го спречи остварувањето на целите. Внимавајте на знаците и сигналите кои ве допираат од спротивниот пол. Не ги одбивајте веднаш.
Бик
Четвртокот за Биковите ќе изобилува со неконтролирани активности. Вашата цел во моментов е да ги склопите сите делови од распаднатата ситуација која ви е во главата и на која постојано мислите. Другото го оставате во втор план. Подарете си нешто самите на себе, тоа ќе ве развесели.
Близнаци
Ова ќе биде напнат ден за Близнаците, а за оние родени во втората декада можни се и здравствени проблеми, како што е сезонски грип.  Не ја губете вербата, научете да признаете и да простите. Тоа ќе значи многу и за партнерот. Во исхраната вметнете морски плодови.

 
Рак
Повеќето Ракови овој четврток ќе бидат активни и продуктивни. Благодарение на партнерот кој ќе ви биде особено наклонет во текот на денот, полесно ќе се справите со стресот. Ќе имате успеси и во нови бизниси, запознавања и решавање на проблеми од разни видови. Ви се препорачува повеќе зеленчук и растителна храна.
Лав
Денес нема да ви оди од рака да ги реализирате целите кои сте ги зацртале. Ќе успеете, но не во се. Треба да се стабилизирате, останете добронамерни и срдечни. Воведете си ред во исхраната и начинот на живот. Денот не е поволен за донесување на важни одлуки како што се промена на место за живеење, промена на работно место и сл.
Девица
Девиците ќе бараат начини да се задржат на нозе во овие тешки времиња на кавги и проблеми. Денот ќе ви даде можност да ги разгледате сопствените можности и да ги поставите своите цели. Добро ќе бидете расположени, но насочете ја енергијата кон домот и семејството. Во се што правите бидете внимателни, па дури и во љубовта.

 
Вага
Се што имате замислено во текот на денот ќе ви се оствари, но плановите за вечерва ќе ви се сменат целосно. Ако забележите дека работите излегуваат од контрола, подобро е да ги откажете обврските и да си дадете малку одмор. Организирате изненадување за вашиот партнер, одамна не сте го направиле тоа.
Скорпија
Динамичен ден, фокусирајте се на обврските. Можете да направите грешки кои нема да се фатални, но нема да располагате со дополнително време за да ги корегирате и ќе си навлечете непотребни проблеми. Побарајте помош од колегите.
Стрелец
Денес ќе се справите со некаква комплексна работа. Идејата како да дејствувате ќе ви дојде спонтано и ќе ве инспирира нешто што одамна сте го замислиле да биде остварено. Најубавото е тоа што ќе добиете помош во моментот кога најмногу ќе ви биде потребна

 
Јарец
Ви претстојат одлични состаноци. Опремете се со трпение и реагирајте дипломатски на предизвиците. Ќе се истоштите многу од работниот ден, така да, подобро е вечерта да не предвидувате никакви настани. Одморете во друштво на саканата личност.
Водолија
Денот ќе започне со пријатно изненадување и ќе заврши со финансиски приходи. Не е исклучена можноста да ве поканат на некој јавен настан. За вас ќе биде подобро да ја одбиете поканата. Можна е средба со лица со кои сте во конфликт.
Риби
Мала е веројатноста денес да се случат непредвидени настани. Поверојатно е да ве обземат емоции кои нема да можете да си ги објасните. Чувство на вознемиреност, фрустрација или желба да се оградите. Направете го тоа, зошто контактите ќе ви го наложат тоа.Овен
Овој четврток за вас ќе биде напорен. Во текот на денот ќе се служите со лаги, поради некој влијателен човек кој ќе с

Пронајдете не на следниве мрежи: