Дневен хороскоп за 20.06.2014

Дневен хороскоп за 20.06.2014Овен
Петок не е поволен за ангажмани во службата и бизнисот, затоа што нема да успеете да ги реализирате замислите. Но, доколку сакате да ги реализирате личните цели потребна е поголема активност. Не влегувајте во конфликти, смирете се и мислете за доброто на сите.
Бик
Пред вас е тежок и нестабилен ден, особено кога станува збор за бизнис. За сите Бикови е неопходно денес да бидат поактивни. Личните цели беспрекорно ќе ги реализирате. Со помош од најблиските своите цели ќе ги постигнете побрзо отколку што мислите.
Близнаци
Без разлика од развојот на настаните, овој ден е одличен за промена. Со поголемо внимание и посветеност ќе ги решите проблемите кои ги имате со партнерот. Многу од вас своето време ќе го посветат на едукативни активности, но, нема да бидете рамнодушни и кон забавната страна на животот.

 
Рак
Бидете повнимателни на работното место, за да не бидете измамени и некој вашите успеси да си ги припише на себе си.  Но, не е се така црно, некој доброволно ќе ви подаде рака и тоа сосема несебично. Денес ќе успеете да видите што е корисно за вас а што не.
Лав
Многу тензии поради проблеми на личен и деловен план. Но паричната добивка ќе успее да ви го поправи расположението. Не се преморувајте, бидете дарежливи и радувајте се на животот.
Девица
Одличен ден за реализација на целите, но очигледно во услови на нагласена нервоза. Ве очекуваат промени на работното место. Нема опасност од проблеми. Ќе остварите многу успешни контакти. Љубовните односи се тивки и нежни.

 
Вага
Денот нема да биде лесен за вас, но, и покрај тоа е сигурен за остварување на вашите лични цели. Пред вас се многу договори, спогодби преговори. Во интимниот живот ќе уживате во убавите момети поминати со партнерот.
Скорпија
Скорпиите ќе бидат охрабрени од добрите вести кои ќе ги добијат денес.  Внимавајте на знаците и однесувајте се внимателно кон работите кои ги имате во животот. Во семејството ќе имате повод за прослава.
Стрелец
Претстојниот ден ќе биде тежок за Стрелците. На работното место ќе се појават многу тензии. Не бидете зависни од партнерот. Продолжето за започнатите вежби и начин на исхрана.

 
Јарец
Ситуацијата кај многу Јарци е нестабилна. Мал дел од нив се мотивирани и сакаат да се докажат. Времето работи за вас, на вас останува во меѓувреме успешно да ги избегнувате конфликтите. Денот е одличен за патување.
Водолија
Бизнис шансите за Водолиите се големи денес. Особено ќе имаат успех оние кои бараат нова работа. Проблеми се можни во семејтвото. Од корист ќе ви биде доколку започнете да вежбате.  Во љубовта нема бурни страсти.
Риби
Денес треба да биде малку поупорни, затоа што среќата не е на ваша страна. Најтешко ќе ви биде на работното место. Не се обидувајте да шпекулирате и да се служите со измами. Овен
Петок не е поволен за ангажмани во службата и бизнисот, затоа што нема да успеете да ги реализирате замислите. Но, до

Пронајдете не на следниве мрежи: