Дневен хороскоп за 03.06.2014

Дневен хороскоп за 03.06.2014Овен
Време е да го искористете  вистинскиот момент за да ја остварите деловната идеја: нема сомнение дека ќе успеете. Под услов да сте осамени, излегувајте колку што можете повеќе и дружете се. Времето за љубов тукушто почнува.
Бик
Не навалувајте на партнерот со сила, ако сакате да доживеете убави, дури и незаборавни моменти. Бидете понежни, посуптилни, не ги покажувајте грубо своите чувства. Можни се драстични промени на љубовен план.
Близнаци
Бидејќи поседувате зајакнати ментални способности, ќе избегнете опасност од измама. Слободните моменти минете ги занимавајќи се со нештата што ги сакате. Стрелците се добитна комбинација за вас периодов.

 
Рак
Опуштете се и уживајте. Кусата пауза искористете ја да ги наполните батериите, зашто пред вас се животните искушенија. Моментално, пријателите и љубовта се заслужни за состојбата на среќа и убавиот изглед.
Лав
И понатаму сте под впечаток од извесни случувања. Не се надевавте дека нештата ќе тргнат по овој тек , но имавте многу среќа. Добро се чувствувате, расположени сте и комуникативни. Имате време за се, па и за љубов. Ја ширите на сите страни во толкава мерка, што сте вистински расипник. Водете сметка да не ги потрошите сите адути.
Девица
Не влегувајте во расправи. Бидете потолерантни и не преценувајте ги своите можности. Луѓето околу вас не можат да ја следат динамиката на менталниот склоп на една Девица. Единствено на Близнаците и Стрелците тоа им поаѓа од рака.

 
Вага
Пред вас е успешен ден. Се чувствувате добро и таквата состојба поделете ја со најблиските. Бидејќи припаѓате на еден од најнесебичните астролошки знаци, умеете да делите и добро и зло со околината. посебно сте успешни во она првото. Затоа сте сакани и радо видени на секое место.
Скорпија
Памет во глава. На околината понекогаш знае да и  пречи вашата самоувереност и самозадоволство. Мора под итно некако да  совладате некои ваши особини зашто во спротивно може да трпи не само пријателството, туку и љубова. Партнерот веќе размислува за радикални чекори.
Стрелец
Создавате лажна слика за себе пред другит. Работата не смее да ги почувствува вашите слабости, но затоа семејството може. Тоа е одличен вентил за празнење. Сте се прашале ли до каде ќе можете да го издржите ваквото однесување? Не грижете се – наскоро ќе бидете како нови.

 
Јарец
Бидејќи сте подготвени за соработка и компромиси, со леснотија ги остварувате идеите. И повеќе од тоа: одлично се чувствувате, зашто владеете со ситуацијата на сите полиња. Посебно ве радува фактот што успеавте да се ставите под контрола. Во целата ситуација, тоа беше најтешко.
Водолија
Пребрзо носите одлуки, молневито дејствувате, но брзината и развојот на настаните му одговара на вашиот темперамент. Се советува одмор и пасивно комуницирање во вид на водење на преписки. Вимавајте на здравствената состојба, обидете се да не се нервирате!
Риби
Сите ги критикуваат Раковите дека се зависници од пари, но нежните Риби во тоа ги надминуваат. Навистина, тие ги мразат парите, па тоа е една од причините што толку брзо ги трошат. Сепак, зачувајте нешто и за црни денови.Овен
Време е да го искористете  вистинскиот момент за да ја остварите деловната идеја: нема сомнение дека ќе успеете.

Пронајдете не на следниве мрежи: