Љубовен неделен хороскоп 02.06.2014-08.06.2014

Што ве очекува оваа недела на љубовен план?Овен
Во понеделник и вторник посветете им се на работите кои ги сакате, а кои не го вклучуваат присуството на партнерот. Во среда ќе бидете многу сентиментални. Постои можност да не бидете разбрани од околината што дополнително ќе ве вознемири. Во петок и сабота ќе размислувате за иднината на вашата врска.
Бик
Се однесувате многу таинстевно во врска со вашиот љубовен живот, а тоа ги вознемирува сите околу вас. На вас никогаш не ви е досадно- многу луѓе сакаат да ве освојат. Ќе имате искрен разговор уште во среда. Во четврток ќе барате решение на еден ваш пробелем.
Близнаци
Оваа недела ќе размислувате за иднината на вашата сегашна врска. Подготвени сте на големи промени, а не знаете како тоа да и го соопштите на саканата личност. Решението ќе се појави кога најмалку се надевате. Во петок е можна кавга со некој од семејството.

 
Рак
Почетокот на неделата ќе биде врзан со вашата работа. Доколку сте слободни ќе запонзнаете некој на работното место. Во четврток и петок ќе забележите дека партнерот сака да ви украде голем дел од слободното време. Направете компромис. За викенд ве очекува ново возбудување на љубовен план.
Лав
Вие сакате да мислите дека имате проблеми. Ќе предизвикате кавга со партнерот по која ќе заминете на забава со пријателите. Во среда ќе сретнете некоја поранешна љубов на јавно место. Очекувајте интензивен викенд кога се емоциите во прашање.
Девица
На почетокот на неделата комуникацијата ќе ви биде во криза. Ако треба да разјасните нешто со партнерот оставете го тоа за среда. Во сабота ве очекува познанство со некоја личност која посебно ќе ве привлече. Бидете позитивни и убави. Наскоро може ќе бидете во среќна врска.

 
Вага
Одличен период за љубов. Без оглед на тоа дали сте во врска или не ќе го оставрите тоа што го сакате! Во четврток и петок домот ќе ви биде особено значаен. За викенд ве очекува прилив на позитивна енергија.
Шкорпија
Не дозволувајте потребата за пари да влијае на вашиот љубовен живот. Доколку немате пари бидете креативни, не мора да го одложувате состанокот затоа што немате пари. Во среда и четврток не го избегнувајте вашиот партнер. Опуштете се и уживајте заедно. Викендот е одличен за релаксација.
Стрелец
Првата половина од неделата ќе биде совршена кога љубовта е во прашање. Енергијата ќе ви биде одлична. Од четврток ќе имате семејни обврски, па љубовта ќе биде во криза. Обидете се да направите биланс. За викенд добро размислете што сакате од животот. Дали вашиот партнер е вистинскиот?

 
Јарец
Ќе бидете и повеќе од задоволни од љубовниот живот на почетокот на неделата. Среда е одлична за убави зборови, но и за дела. Слободните ќе бидат расположени за флертување во четврток и петок. Кон крајот на неделата би било добро да се посветите и на други аспекти на животот-училиште и работа.
Водолија
Имате желба некои работи од вашиот љубовен живот да ги држите во тајност. Можно е да се двоумите околу една личност. Донесувањето на конечната одлука тешко ќе ви падне. Заборавете на драматичноста во петок и сабота- постои подобар начин да привлечете внимание. Бидете спонтани, природни и ненаметливи, само така ќе успеете да допрете до едно срце.
Риби
Постои можност во вашиот живот да влезе личност која ќе застане помеѓу вас и партнерот. Во петок ве очекува излегување кое ќе ви донесе ново познанство, кое може да биде фатално, за оние кои се сами. Саботата искористете ја за дружење со пријателите.Овен
Во понеделник и вторник посветете им се на работите кои ги сакате, а кои не го вклучуваат присуството на партнерот. В

Пронајдете не на следниве мрежи: