Како реагираат хороскопските знаци кога се лути?

Прочитајте кој хороскопски знак како се лути.Овен
Овенот кога ќе се налути, нема шанси да не го забележите дека се налутил. Овновите лесно ја покажуваат лутината, а може да ги налути речиси сè. Тие се „бебињата“ во Зодијакот, па така и кога ќе се лути, ќе се однесуваат како „бебе“ и на цел глас ќе ја манифестираат својата лутина.
Бик
Ако еден Бик ви се налути, очекувајте тоа да трае. Можеби нема на глас да каже и да покаже, но секако долго ќе ја манифестира својата лутина. За нив се вели дека побрзо планината ќе се помести, отколку тие што ќе попуштат во инаетот и лутината.
Близнаци
Близнаците се променлив воздух, а тоа значи дека и лутината им е променлива. Ја манифестираат преку кавга, зборови и употреба на навреда, никогаш со тепање или кршење. Лесно може да се налутат, но и брзо и лесно може да им помине.

Рак
Раковите ако сте ги налутиле,значи сте ги повредиле нивните емоции. Како и другите кардинални знаци, и Раковите јасно ќе ви покажат дека се лути. Нема да се двоумите со нив во поглед на тоа дали се лути или не.
Лав
Лавовите се фиксен оган, а тоа значи дека лутината им е долготрајна, и секојпат кога ќе имаат можност да ве пецнат и да ви вратат, ќе го направат тоа. Нема да им помине брзо ни лесно.
Девица
Девиците се променлива земја, а тоа значи дека лесно и брзо им поминува лутината. Ќе заборават и за што се налутиле, а може и да не забележите дека се налутени.

Вага
Вагите ако се налутат ќе го покажат тоа со зборови, а често пати и со насмевка. Ова се најчудните од сите зодијачки знаци кога се налутени, затоа што секогаш ќе се двоумите со што точно ги навредивте, или ги налутивте.
Скорпија
Скорпиите никогаш нема да ја заборават причината што ги навредило или налутило, затоа што кај нив ќе се поврзе со емоциите. Не знам дали ќе ви кажат дека се налутени, но бидете сигурни дека ќе ги чекаат своите 5 минути за да ви вратат.
Стрелец
Стрелците се променлив оган, а тоа значи дека ако се налутат ќе пламнат, но тоа нема да трае долго. Ако ги замуабетите околу нешто друго, ќе заборават и за причината и за навредата.

Јарец
Јарците кога се лути – лути се, иако може да не ви кажат зошто се налутиле. За нив се вели дека имаат долга и добра меморија, само затоа што планетата Сатурн владее со нив, а Сатурн се поврзува со времето и вечноста.
Водолија
Водолиите често во разговорите делуваат како да се лути, иако не се, а ако навистина се налутат, тоа е нешто што трае. Нивните зборови ќе се стрели насочени против вас во текот на долг период.
Риби
Рибите се променлива вода, а тоа значи дека може да ги повредите нивните емоции, но нема да ви се лутат долго. Знаат да `страдаат` најмногу од сите знаци, и знаат да простуваат најлесно.Овен
Овенот кога ќе се налути, нема шанси да не го забележите дека се налутил. Овновите лесно ја покажуваат лутината, а мо

Пронајдете не на следниве мрежи: