Неделен хороскоп за 23.09.2013-29.09.2013

Неделен хороскоп!Овен
Ако на почетокот на неделата ви биде непријатно, најдете начин тоа да го избегнете. Нема потреба да трпите нешто што не ви одговара. Кон средината на неделата ве очекува успех на работа. Се на се крајот на неделата ќе го дочекате задоволни. За викенд ќе бидете многу емотивни.
Бик
Незадоволни сте? Имате чувство на непријатност, а не знаете како да се ослободите. Првиот ден оваа недела е вистинскиот за тоа. Било да се работи за емотивен, деловен или семеен однос, немојте ништо да трпите. Самодовербата е клуч за успехот. Кон средината на неделата верувајте во карма. Ако имате проблем-најдете решение!
Близнаци
Опуштете се во понеделник. Дури и ако бидете премногу зафатени најдете начин и време да го опуштите својот ум. Оваа недела ве очекуваат неколку убави денови. Вашата посветеност ќе биде наградена. Тоа ќе ви ја подигне самодовербата па ќе бидете постојано насмеани. Во четврток направете нешто ново.

Рак
Уште на почетокот на неделата ќе доживеете некое пријатно случување кое ќе ви ја исполни душата. Уживајте во целост. Во вторник некои деловни обврски ќе ве вратат во реалноста. Настојувајте да ги избегнете конфликтите со претпоставените. Не го изнесувајте вашето мислење. Во петок и во текот на целиот викенд посветете внимание на случување врзано со блиско пријателство.
Лав
Посветете се на себе си во понеделник и вторник. Нека тоа бидат активности за кои не сте наоѓале време. Имате целосно право да уживате. Некои деловни обврски ќе треба да ги завршите во четврток. На почетокот на викендот ве очекуваат несогласувања со партнерот.
Девица
Во понеделник и вторник ќе бидете во искушение. Најдобро е да ја избегнете комуникацијата на работното место, но, за жал тоа  е невозможно. Мудро размислете како ќе постапите. За викенд ве очекува интересна средба која ќе ви го подобри расположението. Партнерот ви подготвува убаво изненадување.

Вага
Вашата практична страна доаѓа до израз во понеделник, бар кога станува збор за љубов. Ќе посакате да подготвите вечера за вашата сакана личност. Во среда ве очекува деловен успех. Добри вести може да очекувате во четврток. Во петок можна е мала настинка. Па, токму затоа ќе мора да одмарате во текот на викендот.
Шкорпија
Возбудувањата и необичните работи ве очекуваат уште на самиот почеток на неделата. Кон средината на неделата ќе забележите дека некој член од вашето семејство има проблеми а тоа го крие. На љубовен план ве очекува мала динамичност. Работите кои ги правите мислите дека се исправни но не е така.
Стрелец
Во понеделник целата енергија насочете ја кон еден деловен проект. Ако го дадете својот максимум, ќе си ја олесните иднината. Малку трпение е потребно кога љубовниот живот е во прашање. Слободните може да се изненадат во среда кога ќе дознаат дека во нивна близина има личност која до сега не ја забележувале. Викендот е погоден за дружење.

Јарец
Се додека сте објективни, логични и сакате да напредувате, среќата е на ваша страна. Убаво е да покажете дека ги почитувате другите, но, кон средината на неделата размислете дали тие ве почитуваат вас. Четврток би можел да биде тежок и стресен ден. Сабота е одличен ден за разговор.
Водолија
Во понеделник послушајте го вашиот внатрешен глас. Ако имате дилема при носењето на важна одлука, запрете за момент и послушајте го внатрешниот глас. Кон средината на неделата ви претстои кратко патување. Можеби тоа ќе биде деловно патување. Внимавајте повторно да не го дочекате преморени викендот. Одморете се добро и избегнувате алкохол.
Риби
Во понеделник некој близок ќе се обиде да ве убеди да промените некоја животна навика. Добро размислете. Немојте да бидете лабилни и да се согласите на се. Размислете и направете баланс. Кон средината на неделата ќе бидете изгубени. Тоа е резултат на вашиот бурен и напорен живот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: