Во Берлин ќе ја препознаете енергијата на град кој никогаш не спие. Познат е по својот апсолутен хедонизам и неверојатни призори.Берлинска историја во една улица
Почнете ја прошетката по Улицата под липите, булевар кој по ова миризливо дрво и го добива своето име Unter den Linden. Неговиот пат ја прати еволуцијата на градот од Хоецолерн династијата, преку Вајмарската република и Третиот Рајх, па се до демократска Германија. Централна точка Бранденбуршката капија, подигната како симбол на пруското владеење во 1791 година. Западно од капијата е Зоолошката градина, а на северната страна Рајстагот, домот на германскиот парламент. Кон југ е главната улица за шопинг – Фридрихштрасе, а источно Музејскиот остров.
Освојте го Музејскиот остров
На реката Шпре, има мал остров на кој се сместени пет огромни музеи. Првиот јавен музеј во Прусија или Altes Museum е дизајниран како факултет за уметност и наука по моделот на Античка Грција. Останатите се Старата национална галерија, Боде музејот, Новиот музеј и Пергамскиот музеј.
Денгубете на Постдамер Платц
Јужно од Зоолошката градина се наоѓа трговскиот центар Постдамер Плац Аркаден. Ова е воедно и местото каде што е поставен првиот семафор во 1924 година, а негова реплика може и денес да се види. За време на Втората светска војна местото е целосно срамнето, а потоа поделено со Ѕидот. Овде се одржува најпознатиот филмски фестивал Берлиенале.
Прошетајте покрај Берлинскиот ѕид
Поголемиот дел од ѕидот е срушен во 1990-тата, а останат е само еден мал дел на јужната граница. Долж патот може да видите реставрирани сегменти, а во центарот за документација може да најдете и приказни за обидите да се пребегне на другата страна од ѕидот.
Погледнете го градот од висина
Кога веќе ќе се најдете кај зградата на Рајстагот, качете се на куполата. За подолго уживање качете се на ридот каде што се наоѓа паркот Викторија или пак ако имате време да чекате долги редици, искачете се највисоко на Тв кулата.
Без кафе и колачи како да не сте биле таму
Попладневното кафе со колач е берлинска традиција. Ќе најдете безброј мали и слатки места за кафе и одлични германски слатки. Секако додека сте во Берлин не заборавајте и на шопингот. Градот е преполн мали дизајнерски продавници, каде оригиналноста и модерниот изглед се најбитни.
lady.mkБерлинска историја во една улица
Почнете ја прошетката по Улицата под липите, булевар кој по