Обрнете внимание: Овде не станува збор за промена на температура или аклиматизација. Станува збор за нешто полошо! Бројни возачи не ја сфаќаат опасноста што им се заканува, а ние ќе ви објасниме зошто не треба да вклучите клима непосредно по влегување во автомобил.Главната причина е од здравствена природа. Кога автомобилот е паркиран во сенка, произведува помеѓу 400 и 800 милиграми бензен. Бензенот, исто така познат и како бензола, е безбојна течност со сладок мирис, која лесно се раствора во вода и се меша со воздухот. Покрај тоа, лесно е запаллив.
Се користи во производство на пластика, експлозив, боја, но и како растворувач. При високи надворешни температури, количината на произведен бензен во автомобилот достигнува и до 4000 милиграми, дури и 40 пати повеќе отколку што е дозволено според правилата.
Тоа значи дека, доколку по влегувањето во автомобилот прозорците се затворени, ние директно вдишуваме големи количества бензен и со тоа им нанесуваме штета на бубрезите, црниот дроб и коските.
Најлошото е тоа што нашето тело не може лесно да се ослободи од оваа токсична супстанца од организамот и голем дел останува во нас.
Се поставува прашањето што може да преземеме во врска со овој проблем?
Пред влегувањето во автомобилот, спуштете ги прозорците или скроз отворете ја вратата и добро проветрете ја внатрешноста, минмално 2 до 5 минути. Потоа, можете да ја вклучите климата и да ги исфрлите наталожените токсини.Главната причина е од здравствена природа. Кога автомобилот е паркиран во сенка, произведува помеѓу 400 и 800 милиграми бензен. Бензенот, исто така