Новиот концепт за Lincoln Navigator е вистински ѕвер

Lincoln никогаш не се задоволува со производство на обични автомобили – нивните автомобили секогаш имале нешто различно. Дизајнот им е агресивен и истовремено деликатен. Ова важи и за SUV-та на брендот и се гледа во најновиот концепт за високодинамичниот Lincoln Navigator, кој имаше своја премиера на авто-шоуто во Њујорк.Претседателот на компанијата Кумар Галхотра, го опишува возилото со следниве зборови: елеганција, убавина, мир и хармонија. И зошто да не?
Navigator е огромен, убав ѕвер кој крие нота на невиност во помалку агресивниот изглед.
Сепак, ова е само концепт и не е јасно колку од предложените функционалности – како таблети за секој патник и микрофони за третиот ред, кои помагаат при разговор со возачот – ќе бидат од голема помош при вистинската премиера на автомобилот следната година.
Едно е сигурно – повторно според Галхотра, овој тип врати-крила нема да бидат дел од вистинскиот модел Lincoln Navigator. Тие служат само за полесен пристап до внатрешноста при демонстрација на автомобилот.
Претседателот на компанијата Кумар Галхотра, го опишува возилото со следниве зборови: елеганција, убавина, мир и хармонија. И зошто да не?

Пронајдете не на следниве мрежи: