Ново подглавје за ŠKODA: Superb воодушевува како „Црвен автомобил“ на Тур де Франс

Вистински предводник: ŠKODA Superb пред велосипедите како „црвен автомобил“ на Тур де Франс
> Голема флота: 250 модели на ŠKODA, се на располагање на овогодинешниот Тур де Франс.
> Сигурен партнер: брендот ŠKODA е спонзор на турнејата по дванаесетти пат.Спектакуларна премиера: новиот ŠKODA Superb ги воодушеви присутните со своето прво појавување како „црвен автомобил“ на Тур де Франс 2015. Од центарот за контрола – директорот на Тур де Франс Кристијан Прудом изјави: „Новиот предводник ќе ги води велосипедистите до крајот на трката на 26 јули“.
Škoda Auto е официјален партнер на Тур де Франс по дванаесетти пат. Четири сосема нови автомобили ŠKODA Superb во црвена боја се на располагање на годинешниот Тур де Франс. Како официјален автомобил, новиот ŠKODA Superb е многу впечатлив. За време на турнејата, возилото е под контрола на директорот на турнејата, црвениот ŠKODA Superb ќе биде единственото возило кое ќе ја премине целта во исто време со велосипедистите.
ŠKODA е официјален партнер на Тур де Франс и официјално возило уште од 2004 година. За годинешниот настан, производителот на автомобили од Чешка обезбеди вкупно 250 автомобили со ознаките на ŠKODA Octavia Combi и ŠKODA Superb Новиот ŠKODA Superb ќе биде претставен во Македонија во месец септември 2015 година. Експресивниот дизајн, импресивните технички квалитети и најголемиот внатрешен простор во класа, придонесуваат новиот модел уште еднаш да постави нови стандарди во својот сегмент.
Направен врз основа на иновативна технологија на групацијата Volkswagen – MQB, врвниот модел на Škoda достигна нови височини со својата трета генерација, особено кога станува збор за сигурноста, удобноста, поврзувањето и заштитата на животната средина.
Новиот Superb обоен во „корида“ црвена боја , импресионира со својот изглед на Тур де Франс 2015. Моделот е опремен со 2.0 TDI мотор со 140 kW /190 КС во комбинација со шест степен автоматски DSG менувач.Спектакуларна премиера: новиот ŠKODA Superb ги воодушеви присутните со своето прво појавување како „црвен автомобил“ на Тур де Ф

Пронајдете не на следниве мрежи: