Volkswagen ја претставува новата генерација на Touran

• Најдобро продаваното повеќенаменско возило во Германија сега е целосно обновено
• Повеќе простор, паметен нов дизајн
• Нови мотори кои се 19% поекономичниVolkswagen го претставува новиот Touran. Комплетно редизајнираниот Touran за прв пат беше претставен пред претставниците на медиумите на Autostadt во Волфсбург, недалеку од местото каде што се произведува овој популарен семеен автомобил. Просторот во внатрешноста на новиот модел е значително зголемена, а во исто време возилото нуди големи можности за конфигурирање. Направени се целосни подобрувања делови на возилото, кое може да се пофали со шест нови економични мотори како и со широка  палета на системи за помош на возачот и со забавно информативни системи. Светската премиерата на новиот Touran ќе се случи на меѓународниот саем во Женева.
Д-р Мартин Винтеркорн, претседател на управниот одбор на Volkswagen AG, изјави: “Како еден од најуспешните семејни автомобили во светот со преку 1,9 милиони продадени возила, Touran несомнено е врвот на повеќенаменските возила. Убеден сум дека новата генерација ќе направи многу повеќе отколку едноставно задржување на првата позиција. Новата генерација ќе постави нови стандарди. ”

Третата генерација Touran има карактеристичен спортски изглед, благодарение на моќниот и прецизен дизајн кој го наследи од претходниот модел, но истовремено преку новиот модел дополнително се истакнува едноставниот и спортски дизајн. Внатрешноста е целосно обновена. Просторот може да се конфигурира на различни начини со помош на новите флексибилни седишта, кои имаат ISOFIX точки за прицврстување. Багажен простор од 1.040 литри и вкупно 47-те прегради за складирање го прават новиот Touran совршен за секојдневна употреба. Трозонскиот автоматски клима уред со антиалергиски филтер преку отворите за чист воздух, овозможува внатрешноста на возилото постојано да биде свежа и чиста.
Целосно обновениот Touran е првото повеќенаменско возило од Volkswagen кое е направено врз основа на MQB платформата. Тој начин на производство носи многу предности кога станува збор за дизајнот и конструкцијата, пократка каросерија и подолго меѓуоскино растојание, сето тоа овозможува целосно искористување на просторот. И покрај зголемената вкупна должина и повисоките стандарди за безбедност и комфор, Volkswagen успеа да ја намали тежината за 62кг. во споредба со претходниот модел. Намалената тежина заедно со подобрената аеродинамика на возилото, резултираше со намалување на потрошувачката на горивата. Во новиот Volkswagen Touran се вградуваат три бензин TSI мотори со 81 kW / 110 КС, 110 kW / 150 КС, 132 kW / 180 КС и три дизел TDI мотори со 81 kW / 110 КС, 110 kW / 150 КС, 140 kW / 190 КС, сите поекономични за 19% во споредба со претходниот модел.
 Volkswagen го претставува новиот Touran. Комплетно редизајнираниот Touran за прв пат беше претставен пред претставниците на медиумите на 

Пронајдете не на следниве мрежи: