Светска премиера на Volkswagen Sharan во Женева

• Новото повеќенаменско возило од Volkswagen направено според последните технички достигнувања
• Новите TSI и TDI мотори се 15% поекономичниVolkswagen го претставува технички подновениот Sharan на меѓународниот саем во Женева. Бројните нови практични системи за помош го прават ова повеќенаменско возило најдобар пријател на семејството и најнапреден модел во сегментот. Новиот Volkswagen Sharan има широк спектар на забавно информативни системи, а во исто време гарантира целосно поврзување на многу паметни телефони и таблети. Новиот модел од Volkswagen е многу поекономичен, а потрошувачката и кај бензинските и кај дизел моторите е намалена за 15%.

 
Заедно со стандардниот автоматски систем за сопирање, со кој се намалува ризикот од повеќекратен судир, кај новиот Sharan се вградуваат и бројни други безбедносни системи. Безбедносниот пакет ги вклучува и системите Front Assist – систем за следење на состојбата пред возилото со интегриран City Emergency Braking – систем за итно сопирање во град при мали брзини, Lane Assist систем за помош при движење во лента, адаптивен темпмат (ACC), систем за помош при паркирање (кој помага при паркирање и излегување од паркинг просторот) како и системот кој ја следи состојбата во мртвиот агол и го предупредува возачот доколку има други возила при менување на лента.

Бензинските (TSI) и дизелските (TDI) мотори, комплетно се редизајнирани и сега се многу помоќни, а во исто време и многу поефикасни. Дизелските турбо мотори со директно вбризгување сега се 15% поефикасни, а истите се во согласност со стандардот ЕУ6. Двата TSI мотори произведуваат 110 kW / 150 КС односно 162 kW / 220 КС. Моќта на бензинските мотор е зголемена за 15 kW / 20 КС. Дизел моторите имаат три нивоа на моќност: 85 kW / 115 КС, 110 kW / 150 КС и 135 kW / 184 КС. Сите мотори (со исклучок на 85 kW TDI) може да се комбинираат со агилниот автоматски DSG 6-степен менувач со двојна спојка, кој придонесува за намалена потрошувачка.
Volkswagen го претставува технички подновениот Sharan на меѓународниот саем во Женева. Бројните нови практични системи за помош го прават ова повеќ

Пронајдете не на следниве мрежи: