Семејството Audi e-tron: Нови технологии за идната мобилност

· Audi А3 Sportback е-tron: спортски хибрид
· Audi А3 Sportback е-tron: со оптимален карбонски печат
· Audi е-tron моделите го комбинираат задоволството при возењето и одржливоста

Една од стратешките корпоративни цели на Audi е развој на технологии кои ја комбинираат забавата при возењето и одржливоста. Се бараат решенија кои ќе направат рамнотежа меѓу индивидуална мобилност од една и економијата, екологијата и потребите на Audi клиентите од друга страна. е-tron се залага за возни концепти кои работат на синтетички Audi е-гас и на природен гас со цел да се постигне минимално ниво на CO2. Првиот производствен модел кој го отвори патот кон неутрален CO2 и мобилност за долги патеки  е моделот A3 Sportback е-tron. Терминот е-tron, од друга страна, пак, се залага за систематски погонска електрификација. Како резултат на истражувањата и развојните проекти од оваа област, Audi сега го започнува производството на А3 Sportback е-tron, кој е првиот премиум компактен автомобил со хибриден погон.
Со својот хибриден систем, А3 Sportback е-tron ги комбинира предностите на моторите со внатрешно согорување и оние на електричниот погон. Целата експертиза на Audi во сферата на хибридната технологија се канализира во овој концепт. Паралелниот погонски систем се карактеризира со 1.4 TFSI мотор кој работи во тандем со моќен електричен мотор. Моќта се пренесува на предните тркала преку ново развиениот  е-S Tronic. Ладењето на  течноста во литиум – јонската батерија се случува кај предната оска; се складираат 8,8 kWh, што е доволно да се вози 50 километри само со електричен погон и тоа без емисија на штетни гасови.
Со 150 kW или 204 КС и со 350 Nm вртежен момент, Audi A3 Sportback e-tron е компактно спортско премиум возило. Забрзува од 0 до 100 км / ч за 7,6 секунди и ја достигнува максималната брзина од 222 km / h. Севкупниот опсег изнесува 940 km, 50 km со електричен погон.
Потрошувачка, мерена во согласност со ECE стандардот во просек изнесува 1,5 литри гориво на 100 km, што е еквивалентно на 35 g/km емисија на CO2 . А3 Sportback e-tron ќе се појави во продажба од крајот на 2013 година.
· Audi А3 Sportback е-tron: спортски хибрид

Пронајдете не на следниве мрежи: