Со 414 освоени поени (повеќе од двојно) пред своите конкуренти, глобално најпродаваниот компакт на сите времиња Golf 7 е единстевниот модел кој по втор пат ја добива оваа награда.
Почнувајќи од 1975 година, во временски период од речиси 40 години сите 7 генерации од овој модел беа рангирани на овој избор заземајќи при тоа едно од првите три места.
Новиот Golf 7 беше избран од страна на жирито, составено од 58 членови од 22 европски земји, поради севкупниот баланс и извонредните достигнувања од аспект на безбедност, штедливост, динамичност и удобност.
Со препознатлив надворешен дизајн, Golf 7 е комплетно нов под површината, полесен и базиран на новата MQB платформа на групацијата Volkswagen. Внатрешноста е пространа и изработена од високо квалитетни материјали со врвна завршна обработка.
На врвот на листата вградени елементи се наоѓа обновениот ESP, а импресивната е низата на системи за активна безбедност, како: активното сопирање со кое избегнуваат понатамошни судири, системот за откривање замор, системот за движење во лента и адаптивната контрола. Возењето е пријатно, удобно и смирувачко.
Моќноста на моторите кои се вградуваат е зголемена, така најмоќниот GTI мотор има 230 КС, а најмоќниот дизел TDI е со моќност од 184 КС. Сите модели се опремени со СТАРТ-СТОП систем, а кај моторот 1.4 TSI вградена е новата технологија за деактивирање на два цилиндри при мали брзини за намалена потрошувачка на гориво. Со 414 освоени поени (повеќе од двојно) пред своите конкуренти, глобално најпродаваниот компакт на сите вр