Овие серии ги имаат соборено сите рекорди на гледаност!

Премиерата на петтата сезона од серијата „Окружен со мртви“, ги собори сите рекорди на гледаност. Се проценува дека првата епизода, што беше прикажана на 12 октомври, ја погледнале 22,4 милиони жители на САД, што ја направи оваа програма да биде најгледана во историјата на кабелската телевизија.1. M*A*S*H – 105,9 милиони гледачи
Последната 256. епизода, која беше прикажана на 28.2.1983 година, ја следеле повеќе од половина од жителите на САД. Хумористичната серија за докторите во полската болница, во американската војска, за време на Корејската војна беше прикажувана од 1972 до 1983 година. И иако сите дотогашни епизоди траеле половина час, финалето траело 150 минути.

2. Кафулето „На здравје“ – 93,1 милион гледачи

На 20.05.1993 година, серијата конечно заврши по 11 сезони. Во последната 271. епизода, Дајен (Шели Лонг), се враќа по шестгодишното отсуство и неуспешно се обидува да ја обнови романсата со Сем (Тед Денсон). На крај засекогаш се разделуваат.

3. Далас – 90 милиони гледачи

Четвртата епизода од четвртата сезона, во која е откриено кој го застрела Џеј-Ар (Лери Хегман), беше емитувана на 21 ноември во 1980 година. Се испостави дека убиецот е неговата љубовница Кристин Шепард (Мери Крозби). Серијата вкупно имаше 14 сезони и беше прикажувана до мај 1991 година.

4. Сајнфелд – 76,3 милиони гледачи

Последната, дупла епизода од серијата (1989-1998), беше прикажана на 14 мај 1998 година. Дејството е сместено на западната страна на Менхетен и се врти околу фиктивната верзија на креаторите Џери Сајнфелд и неговите пријатели и познаници. Серијата стана фаворит на критиките, комерцијален блокбастер и културен феномен.

5. Пријатели – 52,9 милиони гледачи

Дванаесеттата и тринаесеттата епизода од втората сезона, беа прикажани веднаш по финалето на „Супербоул“ на 28.01.1996 година и обилуваа со ѕвезди кои се појавија како гости. Трагајќи по мајмунчето Марсел, Рос (Дејвид Швимер), открива дека животното е ангажирано за снимање на филм.
1. M*A*S*H – 105,9 милиони гледачи
Последната 256. епизода, која беше прикажана на 28.2.1983 година, ја следеле пове

Пронајдете не на следниве мрежи: