Рангирани од најлошиот до најдобриот сите 7 филмови за „Икс-Луѓето“

Веб порталот на американската музичка телевизија Ем-Ти-Ви направи рангирање на сите X-Men филмови по премиерата на за сега последното продолжение на приказната за луѓето-мутанти на 23-ти Мај годинава.7.X-men: The Last Stand

Под режисерската палка на брет Ратнер, овој филм многу ги разочара фановите. Не само што режисерот решил да убие едни ликови, а на други да им ги одземе моќите, тој направил и многу лош спој од две приказни од стриповите за мутантите без притоа да остави некој автентичен детал од истите.
6.X-men Origins: Wolverine

Коментарите за овој филм се речиси слични со оние за претходниот. Голем неред и преакцентирано малтретирање на Вулверин (Хју Џекман). Сепак, почетокот на филмот каде се запознаваме со ликовите е прилично забавен, а и со Хју Џекман во центарот на вниманието никогаш не можете да погрешите.

 
5.X-men

Можеби сега првиот филм за мутантите изгледа застарено, со смешни ефекти и недоволно развиени карактери, но оттука започнува целото лудило за филмовите со супер херои.
4.The Wolverine

Малку понеобичен филм за целиот серијал, бидејќи многу повеќе се фокусира на меѓучовечките односи отколку на акцијата која Икс-луѓето ја носат со себе. Дури и самиот Џекман вели дека во филмот не е се направено онака како што треба, но воглавно продуцентите, а и гледачите се задоволни од филмот.

 
3.X2: X-men United

Со години овој филм ги поставува стандардите за сите филмови за супер херои кои доаѓаат по него. Највпечатливо е тоа што ако првиот филм за Икс-луѓето прикажа какви се тие како супер хероеи, овој филм ја откри и нивната човечка страна.
2.X-men: Days of Future Past

Иако е многу скоро излезен, овој филм лесно се искачи на второто место на оваа листа. Тој има голем епски опсег, емотивна содржина, како и тим од актери кои совршено се вклопуваат во улогите. Освен тоа, самиот крај на филмот ве остава со низа неодговорени прашања поради кои ќе с епосомневате дали можеби следи ново продолжение.
1.X-men: First Class

Убедливо најдобриот филм за Икс-луѓето. Не само што има цврст актерски тим, туку и режисерот Метју Воган му дава неверојатен стил сместувајќи го во 60-тите години на минатиот век. Исто така, кога на ова ќе ги додадете одличното моделирање на ликовите, нивната емоционална длабочина, како и епските тимски битки, ќе го добиете најдобриот филм од овој серијал.7.X-men: The Last Stand

Пронајдете не на следниве мрежи: