Пулицеровата награда, Кормак Мекарти, со здружени сили го испреплетуваат хуморот со досетливоста во овој возбудлив трилер во кој главните улоги им се доделени на Мајкл Фасбендер, Бред Пит, Камерон Дијаз, Хавиер Бардем и Пенелопе Круз. Кормак Мекарти бил сред пишување на два романи, кога еден ден станал и помислил дека му е потребна пауза. Но, не размислувал за одмор, туку напротив, решил да напише сценарио. Кога завршил со првата верзија им го испратил на продуцентите, кои во него веднаш го препознале Кормак Мекарти. Советникот маѓепсува, тој е моќен и вознемирувачки. „Некои луѓе можат да живеат одвратен живот, да ги работат сите работи погрешно, и да умрат во мир во својот кревет на 102 години. СОВЕТНИКОТ не е еден од нив.“ – Кормак Мекарти
Од четврток, премиерно ќе биде прикажан и филмот кој беше еден од победниците на минатогодишниот Загреб Филм Фестивал – „Ник Слотер за Претседател“.
Роб Стуард е 47 годишен канадски глумец. Неговата кариера беше полна со подеми и падови. Сепак, по долгата кариера од 20 години, тој е принуден да се врати од Лос Анџелес во Онтарио да живее со своите родители. Кога во 2008-та година син му го запознава со Facebook, Роб ни најмалку не се надевал дека ќе открие нешто неверојатно! Роб Стјуард е лудачки популарен…во Србија. И така започнува неговото патување. Серијата „Пеколни горештини“ (1990) и нејзиниот главен јунак Ник Слотер е сигурно најпопуларната ТВ серија на Балканот. Овој симпатичен детектив беше симбол на студентскиот и граѓански отпор, слободата и демократијата против режимот на Слободан Милошевиќ. Цела генерација израсна со овој детектив, скандирајќи му: Ник Слотер за Претседател! „Ник Слотер за Претседател“ е филмска приказна за патувањето на Стјуард во Србија. Тоа е приказна за човечката топлина која ја почувствува секаде, на улица, преку медиумите па се до панк-рок бендот Atheist Rap која му го исполни неговиот детски сон да свири на рок концерт.
Стјуард, некогашниот популарен актер во ТВ серијата „Тропски горештини“ во Србија стана вистинска ѕвезда. Неговата популарност овие неколку дена отиде толку далеку, преплавувајќи ги насловните страници на весниците и интернет порталите со веста дека голем дел од жителите на Белград ја заговараат неговата кандидатура за градоначалник на градот.
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на веб страната: www.cineplexx.mk и на facebook страната: https://www.facebook.com/CineplexxMakedonijаКормак Мекарти бил сред пишување на два романи, кога еден ден станал и помислил дека му е потребна пауза. Но, не размислувал за одмор, туку напроти