Се снима игран филм на поранешна „Ленинова“

Привршува снимањето на македонскиот филм „Деца на сонцето“. Оваа недела се снима на урбани локации низ главниот град, а една од поинтересните локации беше снимањето во кафулето „Кај мајка ти и татко ти“ на улицата „Аминта Трети“, поточно поранешна „Ленинова“. На сетот покрај добро познатите актери како Сашко Коцев, Александар Микиќ, Мартин Мирчевски, беше и битолчанецот Кире Ѓоревски кој го игра главниот лик Марко. Режисерот Антонио Митриќески истакна дека за време на снимањето не сакал да губи напразно енергија на непотребни ситници, кои и онака однапред знае дека ќе отпаднат во монтажата на филмот, па затоа работи многу брзо и е отворен за каква било соработка со остатокот од екипата.
Повеќе на ТЗМ.МКПривршува снимањето на македонскиот филм „Деца на сонцето“. Оваа недела се снима

Пронајдете не на следниве мрежи: