Ветераните на Холивуд, филмските ѕвезди Силвестер Сталоне и Роберт Дениро, му се враќаат на боксерскиот ринг во филмот „Grudge Match“.
Роберт Дениро кој го освои Оскарот толкувајќи го ликот на легендарниот боксер Џек Ламота во филмот „Разбеснетиот бик“ , ќе се појави во улогата на пензиониран борец кој се согласува на уште една борба. Неговиот ривал ќе го игра друг, исто така, пензиониран боксер, авторот на филмскиот серијал за боксерот Роки, кој освои три Оскара.
Филмското студио „Warner Bros“ веќе даде одобрение за почетокот на подготовките за снимањето на „Grudge Match“.
Станува збор за комедија којашто ќе ја режира Кевин Сегал познат по филмот „Улови го Смарт“, а покрај него како режисери ќе се јават Тим Келехер и Даг Елин.
Датумите за почетокот на снимањето и очекуваниот почеток на прикажувањето на филмот не се соопштени.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: