Пародијата „Има ли пилот во авионот“ е прогласена за најсмешниот филм на сите времиња во анкетата на членовите на онлајн сервисот за дистрибуција на филмови Lovefilm.
За да се утврди кој филм е најзабавен, анкетарите избројале колку пати гледачите се насмеале во текот на гледањето на филмовите кои биле ставени во потесниот избор и го поделиле тој број со должината на неговото траење. Така добиле мерна единица – број смеења во минута, пренесува британски Telegraph.
Филмот „Има ли пилот во авионот“ од 1980 година со Лесли Нилсен во главната ролја, предизвикува смеење трипати во минута. На второ место е „Мамурлак“ со резултат од 2,4 смеења во минута, а трет е „Гол пиштол“, уште една филмска пародија со Нелсон во главната улога, со резултат од 2,3 смеења во минута.
Меѓу десетте најсмешни филмови, меѓу другите се и „Борат“, „Американска пита“ и „Житието на Брајан“.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: