Султанот признал дека без Русија, немало да може ефикасно да се уништи македонската револуција

Во декември 1902 година, при својата посета на Софија, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, се сретнува со задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација за да го изрази своето незадоволство од врачениот проект за автономија на МакедонијаПритоа, министерот категорично инсистира да се разбие секаква помисла дека православна Русија стои зад македонските револуционери и во одлучен момент јавно ќе застане на нивна страна. Затоа, претходно, на 3 октомври 1902 година, Ламздорф со таен допис бара целосна ликвидација на македонските револуционерни одреди како предуслов за барањата што треба да се поднесат кај турската влада за реформи во Македонија. Во писмото до Зиновјев, руски амбасадор во Цариград, Ламздорф потсетува дека револуционерното движење во Македонија е еден од значајните фактори што ја попречуваат примената на реформите. Следуваат уште многу документи во кои се гледа антимакедонскиот став на руската дипломатија, а рускиот амбасадор во Цариград, во март 1903 година, самиот признава дека вложува големи напори за надминување на сите пречки за реформи, а за тоа секојдневно му се обраќа на султанот и Портата. Со телеграма испратена до царската влада во Петербург, Зиновјев потврдува дека редовно и со задоволство го информира султанот за сите преземени мерки за спречување каква и да е револуционерна дејност во Македонија. Според телеграмата, Русија со полна доверба ~ ја препушта на Турција слободата за дејствување против „македонските бунтовници“, залагајќи се за жестоко задушување на востанието.
Знаејќи го ова, може да се констатира дека Русија се согласила со илјадниците убиени старци, жени и деца, со палењето стотици села и куќи, со десетиците илјади протерани Македонци од своите родни огништа. Во таа насока, никаква „братска загриженост“, искажана подоцна, не ја вади официјална Русија од дадената согласност за крваво задушување на востанието. А за тоа, во Петербург, не само што знаеле туку и директно учествувале со совети и разузнавачки податоци. Самиот министер Ламздорф ќе изјави дека негова желба е турската влада насекаде да ги уништи македонските комитети, залагајќи се за целосно уништување на четите. Според изјава на Ламздорф, самиот султан Абдул Хамид II сметал дека е должник токму на Русија за уништувањето на востанието и на четите што дејствувале во Македонија. Без Русија, признал султанот, не ќе можело ефикасно да се уништи македонската револуција.
Москва поддржува автономна Албанија, но никако автономна Македонија
Во руските дипломатски архиви има многу документи што недвосмислено зборуваат за тоа дека Русија со сите сили се залагала за уништување на македонското револуционерно движење, односно за уништување на идејата за Македонија како самостојна држава. Според документите во руските архиви од почетокот на минатиот век, Русија постојано инсистирала на статус кво, односно Македонија да остане во догледно време под окупација на турската империја, а потоа, во даден момент, да се подели меѓу соседните балкански држава, што и ќе биде сторено со нејзина силна поддршка и помош по Втората балканска војна. Ваквата политика била константа во руската дипломатија на Балканот. Во 1901 година, на пример, по едно релативно затишје во Македонија, самата руската дипломатија повторно истапува со остар тон кон македонското прашање. Според д-р Растислав Терзиоски, кој ги истражувал архивите на руската дипломатија од крајот на 19 и почетокот на 2век во однос на Македонија и македонското прашање, руската империја инсистирала на сурови дејства против револуционерното движење во Македонија. Рускиот амбасадор во Цариград, искусниот Иван Зиновјев, доставува официјална декларација пред Високата порта со поддршка на турската власт за преземање најстроги мерки против организаторите на безредијата во Македонија. Притоа Русија нема никаква немера да ја ограничува Турција во тој однос. Или, со други зборови кажано – убивајте, палете, бесете, не смее да се дозволи македонската револуција да победи и македонскиот народ да се ослободи. Рускиот конзул во Скопје, В. Машков, во своето писмо од 27 јануари 1901 година до рускиот амбасадор во Цариград, Зиновјев, отворено ја критикува „извесната слабост на султановата влада“ кон постојаната „дрскост на македонските комитети“, која, како што вели амбасадорот, „предизвикува оправдани страхувања на арнаутските патриоти во поглед на интересите на автономна Албанија“. Значи, македонското револуционерно движење треба да се сотре во корен, затоа што „оправдано ги загрижува арнаутските патриоти во врска со нивните интереси за автономна Албанија“. Според оваа констатација на Зиновјев, Русија нема ништо против идејата за автономна Албанија, но никако не може да замисли автономна Македонија. Два месеца подоцна, на 15 март 1901 година, истиот руски конзул во Скопје со огорченост го известува рускиот амбасадор во Цариград за тоа дека „дејците на комитетите остануваат неказнети“, или „недоволно строго казнети од турските власти“, кои, според него, ги затвораат очите за нивните престапи, плашејќи се од крупни политички случувања. Заобиколувајќи ги бунтовниците, нивната дрскост с` повеќе и повеќе расте. Според тоа, „браќата Руси“ инсистираат Турција да биде многу пожестока, да ги ликвидира сите дејци на македонското движење, а не да затвораат очите и македонските револуционери да остануваат неказнети. Русите очигледно биле многу пожестоки антимакедонци дури и од Турците. Сепак, на 29 март 1901 година министерот за надворешни работи Ламздорф со радост констатира дека „благодарение на сериозните сугестии од страна на Русија, биле преземени решителни мерки против македонската организација“.
Мошне интересен е и рускиот однос кон таканаречената афера Мис Стон од септември 1901 година. Имено, во разрешувањето на случајот најдиректно се вмешува руската дипломатија со тоа што рускиот дипломат во Софија, Бахматеев, енергично се заложува за брзо откривање на киднаперите зошто сето тоа може да ги наруши мирот и руското влијание на Балканот, а тоа не оди во полза на руските интереси. Следејќи ја активноста на македонските револуционери, особено таа на Борис Сарафов, рускиот дипломат во Белград, Чариков, во дописот од 2 јануари 1902 година, меѓу другото, известува дека познатиот македонски деец Сарафов се обратил кон српската влада со предлог да им се допушти непречено дејствување на неговите луѓе во Kралството со цел да се подготви големо, пролетно востание во Македонија. Според изјавата на Сарафов, „тој и неговите следбеници се борат за независна Македонија, настојувајќи во таа област да не владеат ни Срби ни Бугари“. Следниот месец, на 8 февруари, Чериков известува за тајната посета на Сарафов во Белград, и помошта што ја барал за организирање на македонската револуција и создавање автономија во Македонија. Во врска со тоа Чариков известува дека „српската влада, следејќи ги советите на Руската императорска влада, не оди на таква поддршка“. Во истиот извештај Чариков сугерира дека за „смалување на шансите за востание“’, Сарафов треба да се „земе во здрави раце“. Дали со тоа можеби не се има предвид ликвидирање на Сaрафов? И, ако е така, ако Русија имала таква идеја, дали во едно такво сценарио не се вклопува и ликвидацијата на Гоце Делчев токму во предвечерието на Илинденското востание, за чиј старт, патем, Русија прва ги информира султанот и Портата во Цариград? Можно ли е Делчев да е ликвидиран со „руска помош“, а ликвидацијата потоа е прикажана само како рутинска работа завршена од турскиот аскер? Министерот за надворешни работи Ламздорф во февруари 1902 година му препорачува на својот амбасадор во Цариград да и обрне сериозно внимание на отоманската влада, односно да се „инсистира“ на „соодветни мерки за благовремено спречување на немирите во Македонија, кои можат да предизвикаат крајно опасни компликации на целиот Балкански Полуостров“, што ќе бидат загрозени виталните интереси на Русија. На 27 февруари 1902 година, Н. Чариков го известува својот министер Ламздорф за подготовката на Македонецот Марко Мушович да го посети рускиот цар. Во разговорот што го водел со него му дал на знаење дека „никаков револуционерен обид нема да наиде на поддршка од руската влада“. Десет месеци подоцна, при посетата на Софија на 14-15 декември 1902 година, рускиот министер за надворешни работи Ламздорф, од името на царот, пренесува порака Бугарија да остане мирна, да не се прават проблеми, бидејќи нема да има никаква корист од тоа, а Русија и Австро-Унгарија, во согласност со други влијателни земји, ќе го решаваат македонското прашање преку реформи: „Вие можете да војувате ако мислите дека сте јаки, дури да влезете и во Цариград, но ние нема да ви дозволиме да задржите ниту педа од територијата што би ја освоиле“. Рускиот министер во својата резиденција во Софија ги примил на разговор Татарчев и Матов како задгранични претставници на Македонската револуционерна организација, но, по неколку дена, Ѓорче Петров оваа средба ќе ја коментира како „игра што ја приредиле бугарската влада и кнезот, па двајцата отидоа да му ветат на Ламздорф зачувување на мирот во Македонија во името на некакви реформи“. По враќањето во Русија, Ламздорф го информира царот дека македонските комитети „во никој случај не се задоволуваат со ветените реформи за подобрување на положбата туку бараат автономија на Македонија, ако треба и со насилни промени на постоечкиот поредок на Балканскиот Полуостров“. Затоа во февруари 1903 година, руската амбасада во Цариград ги обврзува сите конзули енергично да ги осудат дејствата на македонските револуционерите и јасно да стават до знаење дека „Русија нема да жртвува ниту капка крв на своите синови за некаков обид да се измени постојниот поредок на Балканот од страна на револуционерите“.
Согласност на Русија со енергични акции да се задуши македонската револуција!
Рускиот дипломатски претставник во Белград, Машков, со тајна телеграма од 14 март 1903 година, известува дека се подготвува големо и масовно востание во Македонија, а тоа значи дека „револуционерното движење не се смирува туку расте“. Во телеграмата остро ги критикува водачите на македонското движење. Руската разузнавачка служба, следејќи го движењето на Борис Сарафов известува дека на 9 април 1903 година по разузнавачки канали е добиена информација дека од пределите на Австрија преку територијата на Србија во скоро време ќе бидат доставени значителни транспорти со динамит за Македонското револуционерно движење. Транспортот на динамитот, се вели во разузнавачкиот извештај, е во надлежност на познатиот македонски револуционер, Борис Сарафов, кој е еден од најзаслужните тајни агенти на австриската влада во македонското движење… Веќе извршените експлозии по линијата на турската железница укажува на активната вмешаност на австриската влада во развојот на македонските револуционерни работи, а целта е вмешување на Големите сили во решавањето на македонското прашање… Според руски извори од средината на август 1903 година, германската влада дала пријателски совети султанот „да ја организира војската и со енергични акции да ја задуши македонската револуција“. На 21 август 1903 година, турскиот амбасадор во Петербург со задоволство ја известува Високата порта во Цариград дека руската влада не само што не ја изменила својата балканска политика, туку препорачува Турција да примени најстроги мерки против востаниците. Во повратната телеграма до турската амбасада во Петербург, султанот Абдул Хамид II му заповедал на својот амбасадор да му се „заблагодари на рускиот министер за надворешни работи за поддршката за задушување на востанието во Македонија“. Kога во есента 1903 година, Петербуршкото благотворително друштво испратило 10.00рубљи за македонските бегалци, а рускиот црвен крст прибрал големи средства за Македонците, официјална Русија постојано се оградувала тврдејќи дека станува збор за хумана помош од поединци, а не за некаква поддршка на македонското револуционерно движење, притоа вложувајќи максимални напори таквата помош во никој случај да не падне во рацете на револуционерите.
Русија прва го информира султанот дека се подготвува востание во Македонија
Грофот Ламздорф, со тајна телеграма од 9 февруари 1903 година, го информира својот амбасадор во Турција, Зиновјев, дека располага со доверливи информации оти напролет или најдоцна до почетокот на летото ќе почне востание во Македонија, па во врска со тоа бара да се обрне внимание востанието да се спречи по секоја цена. Министерот бара амбасадорот веднаш да ~ пренесе на отоманската влада да обрне сериозно внимание на информацијата, настојувајќи Портата да преземе соодветни мерки за пресекување на активностите на бунтовниците во Македонија, кои можат да предизвикаат опасни компликации на целиот Балкански Полуостров. Со други зборови, Русија прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание, и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија.
Сарафов лобирал да биде прогласен за кнез на Македонија
Во извештајот на рускиот амбасадор во Цариград, И.А. Зиновјев, со датум од 2 јануари 1902 година, меѓу другото, се информира дека „нашиот конзул во Битола од проверени извори дознава оти кнезот Петар I Kараѓорѓевиќ води преговори со претседателот на Македонскиот комитет, Сарафов, за негово прогласување за претендент на идниот македонски кнежевски престол. Овој предлог е примен добро од организаторите на македонското движење, бидејќи кнезот Kараѓорѓевиќ ветил дека ќе ~ даде 3.000.00франци на Организацијата за водење пропаганда. Македонските револуционери се уверени дека оваа кандидатура ќе биде поддржана од Русија со оглед на блиското роднинство на кнезот Петар со црногорскиот кнежески двор.
Само неколку месеци подоцна, во извештај од јуни 1902 година, се зборува дека Сарафов е добро финансиран од Австрија, која го насочува за скоро кревање на востание во Македонија. Според извештајот, „Сарафов живее во Виена, со австриски пасош издаден од австриската влада, посетувајќи ја често својата љубовница што живее во Пешта. Австриската полиција не само што јавно го штити Сарафов туку му одобри и почесно лично обезбедување“. Во заклучокот на извештајот се констатира дека Сарафов „конечно премина на австриска страна и сега, следната пролет, сака да крене, како што вели самиот, револуција во Македонија“
 
Блаже Миневски за ДневникПритоа, министерот категорично инсистира да се разбие секаква помисла дека православна Русија стои зад македонските револуционери и во одлучен моме

Пронајдете не на следниве мрежи: