Оваа петнаесетгодишна девојка е пронајдена мртва во станот во југоисточниот дел на Лондон. Петнаесетгодишната Шинејд Тејлор најверојатно извршила самоубиство како што објаснуваат нејзините пријатели.
Причината за нејзиното самоубиство е изложеноста на злоставување додека била во основно и во средно училиште.
„Постоеше едно момче кое не ме сакаше затоа што се дружев со момчиња. Ја користеше секоја прилика да ме понижи. Не можам ниту да се сетам што зборуваше, но поради тоа се чувствував грозно, што сакав да одам дома и да плачам. Ми зборуваа дека сум лезбејка и бисексуалка и ме обвинуваа дека ги гледам додека се пресоблекуваат“, раскажува Тејлор.
На видеото таа признава дека поради тоа станала склона кон самоповредување и дека секоја ноќ пред спиење сакала да си ги исече вените. И покрај тоа, таа им упатила порака на измачителите.
„Самоповредувањето не помага, се станува уште полошо. Ако се убиете, само ги влошувате работите, ако на било кој начин си наштетите, ќе биде само полошо, го видов тоа. Морате да им се спротивставите и да заземете став“.
„Погледни, ова сум јас, прифати ме каква што сум, или немој да не прифаќаш воопшто„, рекла Тејлор.
Како што се дознава, Шинејд поради малтретирањето заминала во друго училиште, каде наводно малтретирањето престанало. Нејзините пријатели меѓутоа, тврдат дека таа се убила затоа што децата кои ја измачувале повторно започнале со истото.
Полицијата соопшти дека телото на 15 годишното девојче било најдено во стан во Вулвич и дека нејзината смрт не се смета за сомнителна.
Оваа талентирана девојка посетувала часови за играње во една академија, каде покажала голем успех. Мајката на нејзината другарка Клои, вели дека двете биле жртви на љубоморни насилници.Петнаесетгодишната Шинејд Тејлор најверојатно извршила самоубиство како што објаснуваат нејзините пријатели.
Причината за нејзи