На 23 и 24 мај, 34-то традиционално планинарско искачување „Титов Врв 2015“

Движењето по падините на Шара го зајакнува чувството за слобода, го поттикнува поривот за истражување на природата, за ослободување на духот.Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, на 23 и на 24 мај го организира традиционалното 34-то искачување „Титов Врв 2015“. Планинарска манифестација која на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат ист освојувачки поход: Сите заедно да се искачат на Титов Врв, кој е на височина од 2747 м.
Започнати се подготовките на патеката, со цел истата да биде организирана и обележана по стандардите за движење по планинарска патека. Долж истата ќе има пропратни пунктови кои ќе послужат за обезбедување, упатување, информации и давање на прва помош по потреба.
„Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово на сите љубители на планинарењето им порачува да се приклучат кон искачувањето на Титов Врв и со тоа да станат дел од традиционалната планинарска манифестација. Движењето по падините на Шара го зајакнува чувството за слобода, го поттикнува поривот за истражување на природата, за ослободување на духот, за да се доживее задоволство, мир и спокојство. А глетката од врвот е навистина прекрасна, момент кој треба само да се доживее”, порачува Јован Божиновски.
Планинарските друштва во сабота, 23 мај 2015 година, ќе пристигнат на Попова Шапка. Во недела наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв. Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу 4 и пол часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат кон Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена. Поканети се бројни планинарски друштва и планинарски федерации, а оваа година се очекува Титов Врв да го искачат над 1000 планинари. Минатата година, Титов Врв го искачија над 900 планинари од 44 планинарски друштва од целиот Балкан.
Планинарскиот клуб „Љуботен“ е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои уште од 1925 година и е организатор на голем број манифестации на Шара. Неодамна ја промовира и мобилната апликација „EXPLORING SHAR MOUNTAIN“ прва од ваков тип во Македонија, креирана за потребите на планинарите, рекреативците и туристите што ја посетуваат Шар Планина. Мобилната апликација е бесплатна нуди квалитетни информации, мапa на која што се исцртани планинарските патеки, најзначајните точки, врвовите, езерата, планинарски домови и местата за кампување.
Деталната програма за овогодинешната манифестација може да се најде на веб страната: www.pkljuboten.org.mk. Манифестацијата се организира под покровителство на АД Електрани на Македонија.
Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, на 23 и на 24 мај го организира традиционалното 34-то искачување „Титов Врв 2015&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: