Васил Пишев продолжува со хуманите акции

Пратеникот Васил Пишев продолжува со хуманата мисија, денес донираше спортска опрема во вредност од 60.000 денари на Катерина Димовска, маратонка и атлетичарка.Васил Пишев: За Катерина Димовска дознав од прилог на една од националните телевизии. Прилогот беше дека Кате е импресивен маратонец со високи постигнати резултати во тој спорт, но исто така прилогот беше и дека Кате се соочува со финансиски проблеми, како во животот така и во нејзината кариера. Морам да признам дека прилогот емотивно го доживеав. Неколку дена после прилогот направив контакт со Кате, и бев во нејзиниот дом и таму забележав дека Кате живее во многу скромни и оскудни услови за живот. Но ги забележав нејзините бројни признанија и медали и затоа решив да и помогнам колку можам и да и донирам спортска опрема која ќе и овозможи да се натпреварува на престојниот скопски маратон на 9 мај. Ќе настојувам јас лично и навладината организација „Граѓаните пред сѐ“ која се занимава со хуманитарни активности и организација која ја води мојата сопруга Гордана Пишева на семејството на Кате да донираме повеќе работи како на пример неопходна покуќнина, неопходни кујнски апарати, бојлер и сл.
Веќе разговарав и со директорот на Агенцијата за млади и спорт и се договоривме како може да и се помогне на Кате и од таа институција. Кате е голем талент и заслужува да ѝ се помогне.
Катерина Димовска: Му благодарам на пратеникот Васил Пишев кој ми ја подари оваа опрема.
Јас го сакам спортот и трчањето, сакам и да му се заблагодарам и на директорот на Евроинс осигурување, господинот Јанко Николов, кој е и маратонец. Јанко ми донираше спортски часовник, тој го мери мојот пулс кога трчам, и ми многу важен и истиот го користат професионалните маратонци.
Јас со трчање се занимавам од 2005 година, поточно од средно училиште, мојот талент го препозна професорката која ми предаваше физичко воспитување во Димитар Влахов, имам голем број на трки во мојата кариера, и на Балканот и тука во Македонија и ќе одвојам неколку од нив:
– 2007 година, Скопски маратон на 5 км, 2 место
– 2008 година Охридски маратон на 30 км,
– Балканскиот маратон, односно Београдскиот маратон на 42 километри, 2 место
– Нишкиот маратон на 21 км, 3 место
– Ултрамаратон Белград на 100 км, 2 место
– 2009 година , Скопски маратон 42 км 2 место
– 2010 година Скопски маратон, 1 место.
Во 2008 година бев прогласена за спортист на Град Скопје и бев стипендист на Агенцијата за Млади и спорт.
Сакам да продолжам со овој спорт но потребни ми се и финансии.
До сега имам учествувано на 24 трки, 9 маратони, 8 полумаратони, 1 ултра маратон и на други маратони на кратки патеки од 3, 5 и 10 км, имам освоено 38 медаљи, 6 пехари, и најчесто сум на првото место, второ место или трето.
Катерина Димовска има 27 години и живее во Скопје во Кисела Вода.Васил Пишев: За Катерина Димовска дознав од прилог на една од националните телевизии. Прилогот беше дека Кате е импресивен маратон

Пронајдете не на следниве мрежи: