„Турскиот ток“ и обидот за предизвикување на Македонскиот Маидан

Искусниот македонски премиер Никола Груевски не  потклекна на обидот за „државен удар“, кој во февруари оваа година во Македонија во соработка со Вашингтон се обидоа да го организираат Обоените револуции и домашната опозиција.Американската администрација не крие дека по одлуката за изградбата на плиноводот „Турски ток“, кој би треба да минува низ целата територија на Македонија, ќе се обиде да направи се за да го осуети тој проект.
Вашингтон и Брухелс се свесни дека во Македонија од албанското население до „контролираната опозиција“ во било кое време можат да се дестабилизираат земјата и да преземат контрола. Особено доколку Косово воспостави блиски контакти со македонските Албанци од екстремистичките групи чии припадници се сметаат дека се „браќа по крв и вера“. Доволно е да им се даде зелено светло, малку оружје и пари …
Треба ли да се заборави што се случи неодамна кога во 2001 година кога во северозападниот дел на Македонија  војната против владините сили беше под контрола на албанската Ослободувачканационална војска, предводена од Али Ахмети, активен член на парламентот и челник на најголемата албанска национална странка во Македонија.
Епицентарот на овој судир тогаш беше градот Тетово.Тогаш сепаратистичката албанска Ослободувачка национална  војска им се закани на легитимните власти дека ќе ја преземе престолнината на Скопје а македонската влада на крајот беше присилена да потпише договор со Албанците. Одредбата на овој документ радикално ја промени политичката ситуација во земјата.
Во Скопје многу од населението мисли дека после  Хашим Тачи, кој покрај поддршката на НАТО и Вашингтон доби власт на Косово, некој во Македонија ќе тргне по неговите постапки, пишува Константин Качалин, руски аналитичар и стручњак за проблемите на Балканот.
Шемата е многу едноставна- сите албанци во регионот (Косово, Македонија, Црна Гора, Грција) треба да живеат под едно и да и се покорат на Тирана. „Голема Албанија“ може да собере 8 милиони луѓе од кои 70% се муслимани, само 20% католици и 10% православни. Но, мора да се спомене дека во националниот идентитет на  Албанците, верската припадност никогаш не била одлучувачки фактор.
Покрај се, аналитичарите често напоменуваат дека Македонија исто така станала еден од главните канали за забрзани „вахабизиции“ на Балканот. Денес во секое македонско село и во помалите места за живеење постојат џамии каде локалните муфтии дење и ноќе ја вршат својата работа за индокринација на верниците. Во свеста на албанскиот народ во регионот дошло до опасна револоризација на вредностите.
Новоименуваниот американски амбасадор во Скопје Џес Бајли, често знае да каже како „македонскиот брод се тресе“. Тој долги години работел во Турција а е и неверојатно поврзан со Балканот. Во Македонија, веднаш се почувствува неговото доаѓање и  иако е нов амбасадор, Вашинготн се обидел да организира и „Обоена револиција“ преку „својот човек“, главниот човек на Социјалдемократската унија на Македонија (СДСМ) , младиот политичар Зоран Заев од Струмица.
Опозицијата со уцените за незаконското прислушкување за опозициските лидери имала намера да ја присили конзервативната влада да поднесе оставка, а дополнително ја разгоре  страста Зоран Заев кој  изјави дека Груевски заповедал прислушкување на новинарите, верските лидери, но и лидерите на албанските опозициски странки.
Лидерот на Социјалдемократската унија на Македонија објави делови од прислушкуваните телефонски разговори на опозициските лидери и државни службеници, но премиерот Груевски изјави дека сето тоа е дел од „компромис“ со претставниците од странските известувачки служби.
Меѓутоа, Заев не попушти и изјави дека „постои политички расплет бидејќи никој и не очекува дека ќе се дојде до оној вистинскиот.
Така, Македонија изгледа дека го чека она истото сценарио како во соседна Бугарија,каде премиерот Бојко Борисов го минираше проектот „Јужен ток“, но и покрај своите ветувања Вашингтон остана без ништо. Нема сомнеж дека американските диплопати и ЦИА „Бугарскиото сценарио“го подготвуваат и во Македонија.
Обраќајќи им се на новинарите, премиерот Груевски истакна- „Во 24 години независнот на Македонија, никој во политичкиот живот на земјата не направил ништо слично вакво. Уцените и заканите не се упатени само на мене, а на сите учесници во заговорот сакам да им порачам дека ние не сме „македончичи“ туку Македонци!

„Македонскиот Маидан“ кој требаше да го води Зоран Заев , за кој постојат низа докази дека извесни средства ги финансира американскиот „филатнтроп“ и милијардер Џорџ Сорос овој пат не помина.
Имено, гревот на македонската влада беше што го поддржа рускиот став во Украина, поради што Москва сега побарала темелна истрага за вложувањата од страна на странските сили во обид на менување на власта во Македонија.
Истражувачкиот новинар Вејн Мадсен во колумната од 16 февруари пишува…
„Тактиката на Викторија Нулданд, помошничката на американскиот државен секретар Џон Кери за евроазијските прашања, се разликува во нејзината украинска и македонска кампања. Нејзиниот потпис со понуда на колачи на демонстрантите на Маидан во Киев за Македонците беше непосакуван , па се одлучи да го обвини Груевски дека прислушкувал дури 20.000 Македонци, иако снимките докажуваат дека тоа тајно го направил Џорџ Сорос кој го финансирал лидерот на македонската опозиција Зоран Заев. Нуланд била обвинета од двете страни на македонската разузнавачка служба која се организирала за Заев и неговите Социјалдемократски сојузи на Македонија (СДСМ), поранешната комунистичка партија која темелно ја инфилтрирала американската  Средна разузнавачка агенција (ЦИА) и оперативците на Џорџ Сорос. За обидот на државниот удар против Груевски исто така се обвинува и Радмила Шеќеринска. Заев и Шеќеринска се сметаат за македонските инсајдери на Вашингтон, исто како  и поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски кој прифатил се што му нуделе дарежливите агенции и организации како ЦИА, Националниот демократски институт (НДИ) , Националната фондација за демократија (НЕД), Freedom House и Отвореното друштво на Џорџ Сорос. Сите тие заедно се обиделе да покренат револуција против против централно-десничарската влада на премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Искусниот Груевски успеа да ги победи сите противници. Но, за колку долго?
Амбасадата на САД во Скопје, најверојатно, ќе ги следи упатствата на Стејт департментот и на ЦИА.
Доколку Заев се појави на суд и биде казнет за предавството во сефовите на амбасадорот Бајли веќе постои список на на “доверлива и лојална” опозиција подготвена да се бори за “демократска и просперитетна” Македонија. Албанците ќе му помогнат во тоа, но  се уште треба да се надеваме дека сонот за Голема Албанија нема да биде дел од планот на дестабилизација на Македонија поради гасоводот “турски тек”, затоа што тогаш тоа нема да биде има само македонски проблем, туку  и Балканот ќе ја гледа репризата на од 90-те.
Извор:altermainstreaminfo.com.hrАмериканската администрација не крие дека по одлуката за изградбата на плиноводот „Турски ток“, кој би треба да минува низ целата терит

Пронајдете не на следниве мрежи: