Македонската асоцијација за човечки ресурси објавува КОНКУРС за Избор на HR менаџер на годината

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), како единствено професионално здружение на HR професионалци во земјата, има МИСИЈА со своето работење да ја поддржува и развива професијата управување со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус. За таа цел ја воведе НАГРАДАТА HR МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА!Кој може да биде номиниран
Вработено лице кое како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата независно како е именувано неговото работно место (Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл.).
Цел на изборот
Целта е да се препознае, признае, промовира и награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси од една страна и од друга страна промовирање и признание на организацијата со успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси, а во целиот тој процес меѓусебно разменување на успешни практики за подржување на меѓусебното учење и унапредување на HR практиките во македонските организации.
Кој може да изврши номинација
Номинација за изборот на HR менаџер може да биде покрената од:
-Извршниот Директор
-Колеги на менаџерска функција
-HR менаџер од друга организација или пак
-Кандидатот може и сам да се номинира
Бенефиции за носителот на наградата
-Учество на една работилница организирана од страна на МАЧР по негов избор во наредната година
-Учество на 8-та меѓународна HR конференција организирана од страна на МАЧР и промовирање на својата работа
-Член на комисијата за избор на HR менаџер за наредната година
-Објава на интервју на официјалната веб страница на МАЧР – www.mhra.mk, како и на национални весници кои ќе го покриваат настанот
-Меѓународна промоција на избраниот HR менаџер
Организацијата во која што работи носителот на наградата HR менаџер на годината ќе добие признаница од МАЧР за користење на напредни HR практики, додека наредната годината HR менаџерот на годината на 8-та меѓународна HR конференција организирана од страна на МАЧР ќе ја промовира организацијата преку претставување на HR практиките во организацијата.
Сите други организации од кои ќе има номинирано HR менаџер за наградата HR менаџер на годината имаат можност да го постават своето лого на web страницата на МАЧР во делот за промовирање на изборот за HR менаџер на годината.
Што треба да се направи
Испратете пополнет формулар за избор на HR менаџер, што може да се најде на веб страницата на МАЧР-www.mhra.mk (во делот HR награди), како и сите детални информации за процесот. Изборот ќе биде направен од страна на комисија врз база на однапред јасно дефинирани критериуми. Избраниот HR менаџер на годината ќе биде прогласен во септември/октомври 2015 на 7-та меѓународна HR конференција, која ја организира МАЧР.
Контакт и информации
Веруваме дека ќе се отворат многу прашања, бидете слободни да нè контактирате. E-mail адреса за контакт: [email protected] Сите документи кои се потребни ќе бидат доставени на Ваше барање. Дополнителни информации за Изборот на HR менаџер на годината можете да погледнете на www.mhra.mk.
Рокови
Процесот на избор на HR менаџер се отвори на 01 февруари 2015 од кога се очекува да почнат да пристигнуваат пријави за учество во изборот. Пријавите ќе може да се достават заклучно со 31 март 2015.Кој може да биде номиниран
Вработено лице кое како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на

Пронајдете не на следниве мрежи: