Се воведува хоспитална култура: Посебен дрес код и љубезен медицински персонал!

Љубезни и насмеани со пристојна и уредна облека. За една недела вака треба да изгледаат здравствените работници. Правилникот за хоспитална култура е објавен во Службен весник, а денеска го добија и менаџерите на болниците и на клиниките. Лекарот не смее да има приватни телефонски разговори пред пациенти. Да не го повишува тонот пред болен. Сите забелешки да ги сослуша со трпение и почит.- Го добивме правилникот, утре на стручните состаноци ќе дискутираме за точките. Секако знаеме како треба да се однесуваме, ние и досега тоа го правиме. Љубезност, насмеаност, трпение…- вели Сашо Стојчев, директор на Општа болница „8-ми септември“ за „Сител“.
Во иднина, бел мантил ќе носат само лекарите. Светло-сината униформа е наменета за медицинските сестри. Целта е полесна идентификација на здравствените работници за да нема забуни кој е доктор, а кој болничар.
-Ние на Урологија немаме проблем со односот со пациенти. А се знае што подразбира овој протокол, сестрите да носат чорапи, затворени кломпи, да бидат уредни и пристојни – вели Михаил Пенев, директор на Клиника за урологија во изјава за телевизијата.
Дрес кодот е важен сегмент од хоспиталната култура. Тоа значи дека од наредната недела нема повеќе чипки, деколтеа и нападни шминки на работните места и секси медицински сестри и лекарки.- Го добивме правилникот, утре на стручните состаноци ќе дискутираме за точките. Секако знаеме како треба да се однесуваме, ние и досега тоа го пра

Пронајдете не на следниве мрежи: