РОК ФЕСТ 2014: Марко Џамбазоски од Визија – најдобар гитарист, бендот ТВ pејџ со награда од жири комисијата

Заврши првата вечер од најстарата рок манифестација во Македонија – Рок фест кој се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје. На јубилејното 30-то издание настапија бендовите Koлт, Визија, Cмoук Шејкерc, TB рејџ и Пaлиндpoм, како и гостите на вечерта Serpentine fire.Бендот ТB pejџ од Куманово ја доби наградата од жири комисијата за најдобар бенд и ќе добијат снимање на еден сингл во студиото „Rock 'n' Roll”, додека пак за најдобар гитарист беше прогласен Марко Џамбазоски од бендот Визија кој уште вечерта од МКЦ си замина со нова електрична гитара „Yamaha”.
Целиот настан помина во одлична атмосфера, а фестивалот и овозможи на публиката да слушне навистина одлични бендови кои лесно успејаа да ја пренесат својата енергија на присутните.
Во рамките на фестивалот во фоајето на МКЦ имаше и изложба на фотографии, плакати и летоци од досегашните изданија на фестивалот, кои можат да се погледнат и денес кога е и ревијалната вечер на Рок фест каде што ќе настапат Јаков Дренковски, Барбарела, Памперс и 9 Weeks.Бендот ТB pejџ од Куманово ја доби наградата од жири комисијата за најдобар бенд и ќе добијат снимање на еден сингл во студиото „Rock 'n' Rol

Пронајдете не на следниве мрежи: