Ресурсниот центар за самохрани родители „Минус и плус“ организира забава за дечињата

По повод Новогодишните празници, Ресурсниот центар за самохрани родители„Минус и плус“ организира забава за дечињата, со детска претстава, пакетчиња, Дедо Мразовци, кловн, ликови од цртани филмови, балони и други новогодишни изненадувања.Настанот ќе се одржи на 20 декември (сабота) од 14 до 16 часот во просториите на Спортски центар Аеродром – Спорт кафе (до О.У. Блаже Конески).
За таа цел, МИНУС И ПЛУС ги повикува самохраните родители кои имаат дечиња (на возраст до 12 години) да подигнат карти за учество. Бројот на карти е ОГРАНИЧЕН.
Картите се подигнуваат во просториите на МИНУС И ПЛУС (во зградата на Телекабел, до Т.Ц. Капитол), од среда до петок од 14 до 20 часот.Настанот ќе се одржи на 20 декември (сабота) од 14 до 16 часот во просториите на Спортски центар Аеродром – Спорт кафе (до О.У. Блаже Конески).

Пронајдете не на следниве мрежи: