Посета на кралот Фелипе VI од Шпанија по повод 30 годишнината од моделот Seat Ibiza

Неговото Височество Кралот Фелипе VI од Шпанија jа посети фабриката на SEAT во Марторел. Посетата се поклопи со  30-годишнината од моделот SEAT Ibiza. Кралот на Шпанија имаше можност да ги види моделите, кои SEAT планира да ги лансира во следните пет години, како и најновите инвестиции на брендот. Неговото Височество беше придружуван од страна на Артур Мас, претседателот на каталонската влада; Жозе Мануел Сориа, шпанскиот министер за индустрија, енергетика и туризам; д-р Франциско Хавиер Гарсија член на управниот одбор на групацијата Volkswagen и претседателот на одборот на директори на SEAT, Јирген Штакман.Кралот Фелипе VI го посети седиштето на дизајнерскиот центар, каде што се спојуваат технологијата и креативноста и се создаваат идните модели на брендот. Тимот на дизајнерскиот центар на SEAT е дел од големиот технички центар на најголемиот шпански индустриски инвеститор, каде што работат 900 инженери. Кралот одржа состанок со  истакнати имиња од светот на бизнисот и со менаџментот на компанијата.
По посетата на дизајнерскиот центар,  кралот Фелипе VI ја посети и производната лента бр. 10, каде што се изработуваат двата носечки модели на брендот SEAT – Leon и Ibiza. Таму на Кралот му беа претставени најновите технологии кои се вградуваат во автомобилите на SEAT, како и системите за подобрување на ергономијата преку кои се зголемува конкурентноста и ефикасноста на брендот. Марторел е најголемата фабрика за производство на автомобили во Шпанија. Од неа дневно излегуваат 2 100 автомобили (еден на секои 30 секунди), кои потоа се дистрибуираат во 76 земји. Производството оваа година се зголеми за 13%, што овозможи 800 нови вработувања. Продажбата на SEAT продолжува да расте, а оваа година се зголеми за 10%.Неговото Височество беше придружуван од страна на Артур Мас, претседателот на каталонската влада; Жозе Мануел Сориа, шпанскиот министер з

Пронајдете не на следниве мрежи: