ДОМ: Скопје се спаси, Тетово и Битола останаа во смог

По истекот на продолжениот рок за еколошко прилагодување, може да се каже: добро е што Макстил привремено затвори и Скопје се спаси, ама Тетово и Битола останаа во смог!ДОМ е крајно разочаран од одлуката на Владата да му дозволи на Југохром да продолжи да работи без еколошки стандарди, оставајќи го Тетово да биде најзагадениот град во Македонија. Не веруваме дека менаџментот на Југохром воопшто има намера да набави еколошка опрема и стравуваме дека само сака да купи време, да го собере профитот без дополнителни инвестиции во опрема и по две години да си замине, оставајќи ги работниците без работа, а Тетовчани без здравје.
Разочарани сме што Владата не остана на ставот од Министерството за животна средина дека сите загадувачи што не се прилагодиле еколошки не смеат да работат по 31 октомври. Го повикуваме Јавното обвинителство на Тетово да ја земе во обработка кривичната пријава што ДОМ ја поднесе летово против Југохром, поради непочитување на Законот за заштита на животната средина.
Истовремено, ДОМ потсетува и на проблемот со РЕК Битола, кој не беше врзан со рокот од 1 април 2014, но тоа не значи дека му е дозволено да загадува и да го разболува градот и околината. Тоа е државна фирма и на државата треба да и биде приоритет еколошкото прилагодување на овој стратешки енергетски капацитет, поради што бараме итно вложување во еколошка опрема во РЕК Битола.ДОМ е крајно разочаран од одлуката на Владата да му дозволи на Југохром да продолжи да работи без еколошки стандарди, оставајќи го Тетово да биде н

Пронајдете не на следниве мрежи: