Македонските танчери се закитија со главни награди на Светскиот куп за танцување во Сараево

Овој викенд Сараево беше центарот каде се собраа танчери од целиот свет да ги измерат своите вештини и квалитети. На целиот настан кој е од натпреварувачки карактер, и Република Македонија имаше свои претстаници, танцовиот клуб Dancers United Mk кој зад себе има една година од своето формирање, а кој несомнено на повеќето натпревари ги собира главните награди и овој пат го потврди истото.Во исто време се одржуваше Светскиот куп, каде што земаа учество децата и јуниорите од Dancers United Mk, освен што се вратија со многу импресии од ова случување, се вратија и со многу медали и пехари. Ви ги наведуваме нивните достигнувања на Светскиот куп:
Соло (деца) – машки ПРВО место
Соло (деца) – женски ВТОРО и ТРЕТО место
Дуо (деца) – ЧЕТВРТО, ПЕТТО и ШЕСТО место
Соло (јуниори) – женски ПЕТТО место
Дуо (јуниори) – ТРЕТО место
Формација (деца) – ВТОРО место
Важно е да напоменеме дека со оглед дека станува збор за Светски куп, нашите најмлади во сите категории, со мошне тешка конкуренција беа финалисти во сите категории.
Дел од инструкторскиот тим на Dancers United Mk, исто така ги одмери своите сили на Европското првенство, во Сараево. Додека се уште импресиите не стивнуваа од успесите на своите ученици од Светскиот куп, Сара Кочан и Нермин Кочан ја надополнија листата на награди на претставниците од Македонија.
Нивниот пласман беше ваков:
3 место Tango Escenario
5 место – Сите видови на Танго
9 место на Европски Шампионат во конкуренција од најдобрите 25 парови во Европа
Активностите на Dancers United Mk не запираат тука, достигнувањата како и досега се покажаа како мотив за работа повеќе и освојување на уште многу медали и пехари.Во исто време се одржуваше Светскиот куп, каде што земаа учество децата и јуниорите од Dancers United Mk, освен што се вратија со многу импресии од

Пронајдете не на следниве мрежи: