ТРЕТ АКУСТИК СКВЕР ФЕСТИВАЛ

Во рамките на манифестацијата Скопје Сквер – плоштад на културата, во организација на  Град Скопје и Универзална Сала ќе се одржи третиот Акустичен Сквер Фестивал 2014, на кој ќе настапат млади рок кантавтори и групи со своја авторска музика.  Фестивалот ќе се одржи на 5-ти  септември  2014 година во 21:00 часот на летната сцена поставена на платото пред Универзална Сала.
По тој повод Универзална Сала објавува повик до сите заинтересирани рок бендови и соло изведувачи кои имаат свои авторски песни да бидат дел од големата рок фешта, а за учество на фестивалот можат да се пријават и да учествуваат кантавтори и групи од цела Македонија. Доколку сакате да настапите на иста сцена со познати македонски рок состави и изведувачи можете да се пријавите со ваши податоци и ваш контакт телефон во инбокс на нашиот фесбук профил FB:Универзална сала или на нашата мејл адреса [email protected]  најдоцна до 27 август.
И ова година Акустик Сквер Фестивал ќе донесе одлична музика, супер забава и многу изненадувања за посетителите.Фестивалот ќе се одржи на 5-ти  септември  2014 година во 21:00 часот на летната сцена поставена на платото пред Универзална Сала.

Пронајдете не на следниве мрежи: