Обука за нокти со интернационално сертифициран едукатор

По многуте успешни обуки за фотографија и шминка, Центар за обука ЕВА организира нови, два типа обуки за нокти со интернационално сертификацирана едукаторка од Србија за приказнати сертификати со кои учесниците по завршувањето можат да започнат да работат со клиенти.1. ОБУКА ЗА НОКТИ 1 – 4 дена (2 интегрирани обуки – БАЗНА ГЕЛ ОБУКА и БАЗНА NAIL ART ОБУКА ) за оние кои немаат никакво или имаат многу малку искуство во работа со нокти или никогаш немале можност за професионална едукација за изработка на нокти. Едукаторот со секој учесник непосредно работи и групите се мали и ефикасни.

2. НАПРЕДНА ОБУКА ЗА НОКТИ 2 -трае 1 ден – (НАПРЕДНА ГЕЛ ОБУКА со ИНТЕНЗИВНА ОБУКА ЗА САЛОНСКО РАБОТЕЊЕ со колор гелови) за оние кои веќе имаат искуство, работат со нокти или сакаат да работата во козметички салон.

БАЗНА ГЕЛ ОБУКА И БАЗНА NAIL ART

Бидејќи за прв пат во Македонија има интернационален едукатор за нокти цели 4 дена целодневно, ова е промотивен пакет и одлична можност покрај Basic Gel обуката која ученисниците ја плаќаат, да добијат уште една обука.  Центар за обука ЕВА и Mystic Nails од Србија  подаруваат и обука za Basic Nail Art (обука за цртање со акрилни и акварел бои). Првата обука, односно Базната гел обука е за лица кои никогаш не добиле вистинска професионална обука за правење нокти, а втората е корисна и за едните и другите со малку искуство. Оние кои имаат веќе работено со нокти и ја имаат поминато базната обука за моделирање нокти, ќе добијат проширена обука за цртање и ќе се насочат повеќе на Nail Art обука со акрилни и акварел бои, а почетниците ќе се запознаат со основите на цртањето нокти. Едукаторката со секој учениск индивидуално и внимателно работи.

На крај на курсот, по успешно завршеното тестирање се доделуваат интернационално признати сертификатите на Mystic Nails за работа со нокти.

Обуката за нокти со интернационално сертифицираната едукаторка Бојана Остојиќ од Mysitc Nails Србија чини 400 евра со можност за плаќање на две рати. Всушност учесниците добиваат две обуки по цена од една. Во цената се вклучени материјалите со кои  учениците работат и сертификатите кои ги добиваат и од Mystic Nails и од Центар за обука ЕВА како и кафе паузи и ручек секој ден.

Обуката ќе се одржува во Скопје во просториите на Центар за обука ЕВА на 26, 27, 28 и 29-ти јуни.

ADVANCED ГЕЛ ТЕХНИКА И ИНТЕНЗИВНА ОБУКА ЗА САЛОНСКО РАБОТЕЊЕ СО КОЛОР ГЕЛОВИ
Тие што веќе работат со нокти и поминале базни обуки ќе имаат можност за напредна гел обука и интензивна обука за салонско работење со гелови во боја. Таа обука ќе се одржи на 30-ти јуни, целодневна е, вклучува материјали кафе и ручек паузи и чини 130 евра.

Пријавување и информации на [email protected] и [email protected]. Тел. 078/23 13 23 и 02/3256 262.1. ОБУКА ЗА НОКТИ 1 – 4 дена (2 интегрирани обуки – БАЗНА ГЕЛ ОБУКА и БАЗНА NAIL ART ОБУКА ) за оние кои немаат никакво или имаат многу малку

Пронајдете не на следниве мрежи: