Хемиска кастрација – метода од негативниот дел на една наука по име евгеника

За жал денес некој кој има моќ да манипулира со јавноста заговара хемиска кастрација на педофилите без притоа да знае во каква авантура се впушта. Јавно да се пропагира метода својствена за нехумани опшества како хитлерова Германија е застрашувачка и опасна идеја.Член 11 од уставот на Р.М.: 1 физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени 2. Се забранува секој облик на мачење, нечовечко понижувачко однесување и казнување.
За жал денес некој кој има моќ да манипулира со јавноста заговара хемиска кастрација на педофилите без притоа да знае во каква авантура се впушта. Јавно да се пропагира метода својствена за нехумани опшества како хитлерова Германија е застрашувачка и опасна идеја. Хемиската кастрација е метода од негативниот дел на една наука по име Евгеника.
Наједноставното објаснување е дека негативната евгеника има за цел да го намали бројот на „лоши“ луѓе со софистицирани методи и тоа како да им се оневозможи на „лошите“ луѓе да имаат потомство. Присилна кастрација одобрена со закон е реалност која се граничи со лудило во овој виртуелен демократски свет иако со Римскиот декрет овој евгеничен закон и пракса е прогласен за злочин против човештвото [потпишан 13-10-1998год.].
Корените на науката евгеника се од идејата на Платон (како што овчарите и сточарите ги „чистат“ своите стада така и законодавецот мора да ја „чисти“ државата). Во 1860 год. темелите на модерната евгеника ги поставил Францис Галтон, роднина на антихристот Чарлс Дарвин. Тој верувал дека интелигенцијата и талентот се вродени доблести кои се пренесуваат од родителите на децата и врз основа на тоа дошол до заклучок дека може да се „одгледаат“ поголеми, попаметни и поздрави деца – исто како што се одгледуваат животните и растенијата.
Опседнат со идејата, продолжил со истражувањата за генетско наследство, со тоа што ги советувал луѓето дека треба да создаваат семејство само со паметни и јаки луѓе. Следно, Галтон заклучил дека постојат два типа на евгеника -позитивна и негативна.

Позитивната евгеника тежнее кон зголемување на бројот на „подобри“ луѓе на начин да се охрабрат тие („подобрите“) да се размножуваат меѓусебно, а негативниот дел од евгениката преферира намалување на „лошите“ луѓе со помош на софистицирани методи, како да се оневозможат тие („лошите“) да се размножуваат.
Главниот проблем на оваа теорија е фактот дека научно е невозможно да се одреди кој е (генетски) „добар“, а кој „лош“. Замислете дека на некого треба да му кажете дека е генетски лош и дека не смее да има потомство.
Прв забележан пример на негативната евгеника е од 1899 год. кога др. Хари Клеј Шарп во затвор во Индијана (САД) масовно ги стерилизирал затворениците. На почетокот на XXвек ,евгениката станала популарна во С.А.Д. Луѓето биле уверени дека новата наука ќе го излечи опшеството од криминал и сиромаштија, со помисла дека сите аспекти на човековото однесување се наследни. Во 1907год. во Индијана е донесен првиот евгеничен закон за насилна стерилизација на „дегенерираните“, потоа Калифорнија донесува закон за насилна стерилизација и превенција на „инфериорните бракови“. Во Ајова e изгласана забрана за брак и стерилизација на епилептичарите, наркоманите, педофилите.
До 1914 год. 30 држави во САД донеле слични закони. Истотака идеите на евгениката се користени како изговор за донесување на закон за забрана на емиграција од земји кои не им се допаѓале со изговор дека тие луѓе се „неподобни“. Како последица на новата законска регулатива, во Калифорнија до 1929год. насилно биле стерилизирани повеќе од 62000 луѓе. Следејки го примерот на САД и многу други држави предводници на „демократијата“ донеле евгенични закони, како Германија, Канада, Шведска (насилно стерилизирани 60.000 „неподобни“ и тоа огромен број на лица со пречки во развојот, Австралија со Абориџините, Англија и др.) За жал овој тренд се појавува и во денешно време.
Како најпознат случај на присилна стерилизација и негативна евгеника во која елитата ја игра улогата на „семоќниот“ се случи во деведесетите години кога во Перу присилно и без знаење се стерилизираа триста илјади жени од пониската и средна класа со цел наталитетот да се намали, за да се подобри економската ситуација во земјата.Ставот на православната црква е дека евгениката се меша во Божјата работа и го навредува достоинството на човекот.
Текстов нема за цел да ги брани злосторниците, напротив секој треба да одговара за своето дело, но дали ваквиот начин на казнување не навлегува во прекршување на основните човечки права, забранувајќи ги човековите нагони и чувства.
Автор: Кокан ТрпковЧлен 11 од уставот на Р.М.: 1 физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени 2. Се забранува секој облик на мачење, нечовечко понижу

Пронајдете не на следниве мрежи: