понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Македонското Марлборо ќе започне да се прави за две години!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Преставници на „Филип Морис“ деновиве почнале да го скенираат Тутунски комбинат Прилеп, за да увидат во каква состојба е комбинатот, информира генералниот директор на Тутунски комбинат-Прилеп, Александар ДерменџиевДерменџиев вели дека десетгодишното стратешко партнерство со тутунскиот гигант „Филип Морис“ ќе помогне Тутунски комбинат да излезе од долгогодишната лоша економска состојба и очекува веќе во 2015 година да започне со профитабилно работење.
Дерменџиев најавува и дека веќе во 2015 година се очекува да излезе и првото „Марлборо“ произведено во комбинатот.
Пред еден месец „Филип Морис„ склучи договор за стратешко партнерство со Тутунскиот комбинат Прилеп.
Комбинатот, кој е во државна сопственост секоја година работи со загуби. Обидите да се продаде почнаа во септември минатата година.
Компанијата „Филип Морис“ е присутна и во соседството. Пред десет години ја купи тутунската индустрија НИШ од Србија.

 Извор: mkd-news.com

Дерменџиев вели дека десетгодишното стратешко партнерство со тутунскиот гигант „Филип Морис“ ќе помогне Ту

Поврзани вести