Повеќето од нас барем еднаш во животот посакале да напишат книга и својата приказна да ја стават на хартија.Бразилскиот писател Пауло Коелјо – еден од најпознатите и најреномираните писатели, на светот му понуди 8 совети – како да го реализирате она што сте го замислиле?
За да го реализирате замисленото и вашата приказна да ја ставите на хартија, а потоа да ја споделите со светот, Пауло ве советува да започнете со:
Самодоверба: Не можете да ја продадете следната книга ако ја потценувате онаа што веќе сте ја објавиле. Бидете горди на сè што имате.
Доверба: Верувајте му на својот читател, не трудете се да ги објаснувате нештата. Дајте им трага за тие да ја обогатат со својата имагинација.
Експертиза: Не може од ништо да создадете нешто. Кога пишувате книга користете го своето искуство.
Критика: Писателите сакаат да ги задоволат своите колеги. Заборавете на тоа. На кого му е грижа? Треба да се грижите за тоа како да ја споделите својата душа, а не да задоволувате други писатели.
Фаќање прибелешки: Ако сакате да ги зграпчите идеите, ќе се загубите. Ќе бидете одделени од емоциите и ќе заборавете како да си го живеете животот. Ќе бидете набљудувач, а не човечко суштество кое си го живее животот. Заборавете на фаќањето прибелешки, што е важно останува, што не е заминува.
Истражување: Ако ја пренатрупате книгата со истражувања, ќе бидете многу здодевни како за себе, така и за своите читатели. Книгите не се тука за да покажувате колку сте интелигентни. Книгите се тука за да ја покажат вашата душа.
Пишување: Пишувам книга што сака да биде напишана. Зад првата реченица се крие конецот што води до последната.
Стил: Не се трудете да воведете иновација во раскажувањето, раскажете добра приказна и таа ќе биде магична. Гледам дека луѓето се обидуваат многу да работат со стилот, пронаоѓајќи различни начини за да кажат исти нешта. Тоа е како модата. Стилот е фустанот, но фустанот не го диктира она што е внатре во фустанот.
Не пропуштајте да го прочитате и најубавиот цитат од неговиот роман „Ракописот од Акра“ на следниов линк.Бразилскиот писател Пауло Коелјо – еден од најпознатите и најреномираните писатели, на светот му понуди 8 совети – како да го реализирате она